Сонцето и пролетта не повикуваат да носиме фустани во ведри бои – ВИСТИНСКИ хит за оваа сезона се оние во пинк нијанси

Изберете го вашиот омилен модел …

Оваа пролет розовата боја во сите нијанси ги преплави колекциите на „хај-стрит“ брендовите и продавниците, а ние ги пронајдовме најубавите фустани во овие нијанси.

Розовата боја го подига расположението и сите нејзини нијанси асоцираат на невиност и нежност. Таа им е омилена боја на многу жени, посебно женствената розова нијанса. Всушност во прашање е светла нијанса на црвената боја, а во модата почна да се користи широко дури во 18 век.

Што се однесува до фустаните во вашите плакари во оваа боја, тие инстант ќе ви го подигнат расположението штом ќе ги облечете како на вас, така и на оние со кои што сте опкружени. А можеби токму тоа и ни е најпотребно во едно вакво лудо време во кое што живееме, нели?

А доколку сакате да инвестирате во пролетен розов фустан, погледнете неколку предлози од колекцијата на АСОС.

Повеќе од сигурни сме дека ќе ви се допаднат…

(Visited 63 times, 1 visits today)