Солзи, снег и бели ружи – музите на Карл Лагерфелд се прошетаа во последните креации на легендарниот дизајнер за Шанел

ADVERTISEMENT

Во Париз, на модна ревија со неговата последна колекција за Шанел, му беше оддадена почит на починатиот крал на модата, Карл Лагрфелд, кој стоеше на чело на оваа позната модна куќа цели 36 години

 

Според долгогодишната традиција, Париската модна недела е затворена со ревија на познатата француска куќа Шанел, која до пред една недела беше предводена од Карл Лагерфелд. Таков беше случајот и оваа година, а ревијата ќе остане запаметена и по спектаклот што се организираше во чест на неодамна починатиот моден гениј.

ADVERTISEMENT

На гламурозната ревија во  престижниот „Гранд Палас” беше презентирана последната модна колекција на Лагерфелд за есен-зима, и како и обично сценографијата за оваа модна ревија изгледаше бајковито.

ADVERTISEMENT

Музите на ексцентричниот дизајнер се појавија на сцената, вклучувајќи ги и Кара Делевињ и Каја Гербер, кои со солзи на очите се прошетаа на пистата, додека специјална гостинка беше шпанската актерка Пенелопе Круз.

Убавата актерка беше облечена во романтична бела креација, а во знак на љубовта и почит кон Лагерфелд во нејзината рака носеше една бела ружа …

 

„Чест ми е што сум дел од ревијата на Шанел на која беше претставена последната колекција на Карл Лагерфелд. Екстремно емоционален момент за сите нас“ – напиша Оскаровка на социјални мрежи.

 

На ревијата исто така присуствуваа и многу други познати модели и актерки, блиски пријатели со Лагерфелд и негови музи како што се Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер, Марион Котијар, Кристен Стјуарт и Моника Белучи, која прв пат се појави во јавноста со нејзиниот нов партнер.

 

Facebook Comments
(Visited 202 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT