Вести

Славчо Попоски со ново предупредување – Еве кога не очекуваат нови врнежи од снег!

Advertisement

Под влијание на нова циклонска активност од запад, од ноќта понеделник кон вторник, како и во вторник во Македонија ќе има нови врнежи од дожд на пониските места (градовите), додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Само од почетокот снежната граница понекаде може да се спушти под 1000 метри надморска височина.

Под влијание на нов изразен циклон од запад, во текот на претстојната ноќ, кон утринските часови од утрешниот ден ќе започнат нови врнежи.

Advertisement

На пониските места (градовите) тие ќе бидат претежно од дожд, иако на почетокот не се исклучува можноста тие да бидат од снег, но подоцна ќе преминуваат во дожд. На повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег.

Обилни врнежи ќе има во западните предели, таму локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). На планините, како и на Скијачките центри ќе дојде до понатамошно зголемување на веќе постоечката снежна покривка.

Advertisement

Утре ќе дува засилен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина и од над 60 км/час).

Во Скопје и околината со овој бран врнежите ќе бидат од дожд, на околните планини ќе има врнежи од снег, иако и во котлината наутро не се исклучува можноста за појава на по некоја снегулка. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Потоа во среда врнежите ќе бидат слаби и локални. Во четврток и петок времето ќе биде претежно стабилно и суво, додека нови врнежи ќе имаме за време на викендот.

Се на се, долготрајна стабилизација на времето кај нас не се очекува. Често ќе бидеме под влијание на циклони кој ќе условуваат чести и обилни врнежи од дожд и снег.

Во следниот период како минималните, така и максималните температури ќе бележат тенденција на позначителен пораст, и тоа поради јужното воздушно струење и потоплата воздушна маса од југ.

Температурите преку ден на повеќе места ќе се искачуваат до околу, а во централните и во југоисточните предели и над 10 степени.

Да напоменеме дека со овој циклон, повторно можни се проблеми во во сообраќајот поради очекуваните обилни снежни врнежи на планинските превои, затоа на возачите им препорачуваме утре да бидат крајно внимателни, пишува Славчо Попоски.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button