TV

ПО ЕВРОВИЗИЈА: Сите „збеснаа“ по БЕЈБИ ЛАЗАЊА, но тој е заљубен во оваа девојка

Реклама
Реклама

Хрватскиот претставник на Евровизија, Бејби Лазања, е дефинитивно морален победник и неговата песна е веќе хит не само во регионот туку и пошироко. Впрочем, големиот број на гласови од публиката го покажа тоа.

Од Малме, Марко Пуришиќ (Бејби Лазања) беше пречекан на загрепскиот плоштад Бан Јосип Јелачиќ како победник на музичкото натпреваување.

Харизматичното, атрактивно момче го привлече вниамнието кај многумина. Веќе стана симпатија на многу девојки, но Марко откри дека е заљубен.

Маркетинг

На социјалните мрежи се појави фотографија од него и неговата девојка која го придруживала на ова евровизиско патување. Не само што го придржувала, туку таа е неговата најголема поддршка и соработник во музиката.

Маркетинг

Со молскавична брзина на социјалните мрежи почна да се шири и неговата фотографија од авионот со неговата девојка Елизабета Ружиќ.

Инаку, Елизабета е столбот на неговиот успех неговиот најголем поддржувач.

Пред првата полуфинална вечер на ХРТ се прикажуваше документарниот филм „Во пресрет на Евровизија“. Темата беше секако Марко, а за него зборуваше и Елизабета која откри непознати детали за нивната врска. Меѓудругото и музиката е нивна заедничка врска.

Токму Елизабета стои зад визуелниот проект на Бејби Лазања и помага во стајлингот.

 

Тој го постигна најдобриот пласман на Хрватска на светската музичка сцена. Целиот плоштад во Загреб играше и пееше во ритамот на Рим тим таги дим, а солзи пушти и Марко Пуришиќ (Бејби Лазања).

Дадовме се од себе, мислам дека сите го забележавте тоа“, беа првите зборови на емотивниот Бејби Лазања до воодушевените обожаватели кои возвратија: „Марко, Марко!“ и „Победа, победа!“.

 

 

„Што да кажам сега? Очекував дваесет луѓе на аеродромот, а овде околу стотици. Ви благодарам многу“, рече тој.

Да се потесетиме на неговата песна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button