Една од најпознатите водителки која веќе со години важи за најзгодна, уште еднаш го докажа тоа и покажа дека е заслужна за оваа „титула“.
За Маријана Станојковска се чини дека малку се епитетите како убава, атрактивна, згодна и секси.
Без разлика што и да облече Маријана секогаш изгледа неодоливо и прекрасно, а на комплименти не се штедат ни нејзините фанови на социјалните мрежи на кои таа е доста активна.
Овојпат Маријана ја покажа витката фигура на која може да и позавидат многу девојки. Облечена во едноделен костим за капење со анимал принт и капче на главата таа изведе краток сензуален танц во „слоумошн“ а многумина со подотворена уста ја гледаа како изгледа.
Долги нозе, тенок струк и бујни облини, едноставно совршенство без маана.
Под објавата многумина коментираа, а една од нив е и од инфлуенсерката Агнеса Органџиева, поранешната сопруга на Роберт Орданоски.
Со емотиконот оган, Агнеса на Марјана сакаше да ѝ каже дека е оган, а Марјана ѝ возврати со срциња.
Освен тоа што е водителка, Маријана е модел кој често е ангажиран за промовирање на различни производи и модни комбинации, од долна облека и пижами па се до гламурозни фустани.
Таа освен што е успешна водителка, фотомодел и манекенка обожава и да танцува, па знае да ги почести своите фанови на Инстаграм и Тик- ток со по некое интересно видео.
Често знае да сподели видео на кое ја покажува својата умешност за танцување, а знае да биде и вистинска домаќинка и да се пофали дека зготвила нешто по дома.
Со оглед на тоа што неодамна беше Велигден таа на Инстаграм се пофали дека фарбала јајца за Велигден.
Баш како што налагаат обичаите Маријана исфарба три црвени јајца кои ги нареди во корпа покрај вазната со лалиња.
„Светото Велигденско јајце нека ви донесе здравје, среќа, љубов и мир.
За многу години ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК“ напиша тогаш Маријана покрај објавените фотографии.
Ако мислевте дека тоа е сè што Маријана може да направи, грешите.
Пред неколку дена таа објави и кратко видео на кое жонглира со фудбалска топка и тоа додека носи високи потпетици.
И додека многумина тоа не можат да го направат ни во патики, Маријана облечена во кратки панталончиња и црвени високи потпетици жонглираше како вистински професионалец.