Џек Пери, синот на на прерано починатиот актер Лук Пери, познат по улогата на Дилан во „Беверли Хилс 90210“, присуствуваше на премиерата на последниот филм кој татко му го сними пред смртта.
„Once Upon a Time In Hollywood“ на Квентин Тарантино,на Лук Пери му беше последниот проект.Џек се качи на џамбо-постер со ликот на неговиот татко, а неговиот пријател сè сними со дрон.
„Ти го заслужи ова и многу сум горд на тебе. Пастув во животот, секогаш и засекогаш. Најдобар од најдобрите. Те сакам засекогаш”, напиша Џек на социјалните мрежи.
Видеото и фотографиите беа коментирани од Шенон Доерти (48), колешка на Лук од популарната серија „Беверли Хилс, 90210″.„Со вас сум во мислите вечерва“, напиша таа.
Џек Пери е професионален борач и воедно копија на својот татко.
Неговата кадрава долга коса му заштитен знак, а на премиерата сите забележаа дека цртите на лицето ги наследил од Лук.
https://www.instagram.com/p/B0OSu8jg39j/