Синот на Бали-бег и преубавата Неџла изгледа како манекенче – ПОПУЛАРНИОТ турски пар ужива во семејниот живот
Погледот на тато, насмевката на мама
Синот на популарниот турски актер Бурак Озчивит (35) и неговата сопруга и колешка Фахрие Евџен (33) позира на социјалните мрежи позира како манекен.
Малиот Каран се роди во април минатата година, а познатиот пар ретко го покажува на социјалните мрежи.
Но и како и сите други родители, одвреме-навреме и на нивните профили можеме да видиме како тие го минуваат времето со него.
Од фотографиите што ги објавија на Инстаграм можеме да забележиме дека го наследил најубавото и од двајцата родители.
Сепак, многумина се согласни дека Каран повеќе личи на неговиот познат татко, а според неговите фанови погледите им се потполно идентични.
Од друга страна пак, според фановите на убавата Фахрие, малиот ја има нејзината прекрасна насмевка.
Што мислите вие?
Инаку, познатиот актер неодамна реши да одговори на неколку новинарски прашања заради гласините што во изминатиов период се појавија во турските медиуми дека би можел да ја остави Неџла, заради проблемите што ги има таа со нејзиното ментално здравје по смртта на нејзиниот татко. Тој во ова интервју одговараше на најразлични прашања, а зборуваше и за успехот како мотивациски фактор, но и за синот и љубовта кон семејството и природата.
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Еве како еден од најпознатите турски актери ја објаснува важноста на успехот и што тоа за него значи.
„Успехот на сите нас ни е толку важен што секој се обидува да биде успешен за себе. Бидејќи успехот е нашата најголема мотивација. Сите нас не поврзува со животот и ни овозможува нешто да постигнеме.. Заради тоа луѓето се многу среќни кога се успешни во животот, да бидат успешни во семејните односи, како и во пријателските односи. Мислам дека успехот е многу важен за сите нас“, изјави тогаш тој.