Силви бенд некогаш и сега-колку се променила пејачката за 30 години, ќе се изненадите

Легендарното дуо „Силви бенд“ кои во јавноста се појавија уште во 90-те години освен што успешно пловат во музичките води, тие се пример за сите парови!
Нивната љубов трае со години, а во јавноста оставаат впечаток дека живеат бајка, а ова лето тие ќе прослават и 30 години постоење на музичката сцена.
– И самата не знам како така брзо поминаа тие 30 години, вели Силви за весникот ВЕЧЕР, а која сè уште и пее и изгледа феноменално и додаваат дека планираат на лето да направат еден голем јубилеен концерт во Охрид.
Познатите Силвана Мучиќ и Влатко Плевнеш особено станаа популарни со големиот макфестовски хит, песната „Ангели ме носат“ и оттогаш па сè до денес, зад себе имаат безброј настапи, хитови, музички видеоспотови.

Пред да стапат во брак биле две години во врска и велат дека во тоа време уживале во љубовта, но и патувањата поврзани со работата.
За „Репортер“ раскажаа дека се запознале на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа дошла на студии од Ниш, а тој бил втора година.

„Цело време беше околу мене, каде и да се свртам, ќе се појавеше од некаде“, изјави Силви, а Влатко ја надополни: „Ја бркав една година. Во неа беа заљубени сите студенти, па и професорите се вртеа по неа. Кога се појави на факултетот тоа беше „бомба“. Полесно ќе ми беше да го освојам Монт Еверест. Ќе ти даде некој повод мал, а потоа ќе ја снема. Не само што беше убава физички, туку и квалитетен човек, комплетна личност. Досега се нема таква друга личност појавено во мојот живот“, се шегува тој.

Поради ромското потекло на Силви, се соочиле со предрасуди, најмногу од семејството на Влатко. „Само поради неговата упорност, но и затоа што мојата добрина ги смири, не дозволивме никој да ни ја уништи врската“, вели Силви за „Репортер“.

Круната на нивниот брак е нивната ќерка Деаделина која тргна по нивните стапки и стана музичар.
Со оглед на пандемијата, настапите и концертите речиси целосно ги снема, но уникатните Силви бенд најдоа начин да ги забавуваат луѓето, па макар и тоа да се само нивните соседи.
Минатата година за време на карантинот одржаа двочасовен концерт на балконот на својот дом во скопската населба Козле, по повод Велигден.

Жителите на населбата, но и околните населби имаа шанса да ги слушаат „Силви бенд“ кои со своите хитови ги забавуваа комшиите во маало, а реакциите беа позитивни.
Тоа беше најдолгиот карантин баш за Велигден од пет дена, а тие со радост и насмевка од своите балкони пееја, додека пак оние кои имаа можност снима, а многу од снимките завршија и на социјалните мрежи.

По самоиницијативниот концерт, Град Скопје ги покани да настапат и како дел од програмата која градот ја направи со цел да ги забавува граѓаните додека се во карантин.

На репертоарот на бендот се најдоа нивните песни, но се разбира и многу светски хитови во кои граѓаните имаа можност да уживаат.
Се надеваме дека наскоро повторно ќе имаме можност да ги слушнеме со свирка во живо!
