Се стопи од среќа – македонската водителка во прегратките на Роби Вилијамс
Македонската водителка позираше во прегратките на светски познатиот пејач.
Фотографијата која Живкица ја сподели на Инстаграм предизвика бура реакции.
Живкица Каленикова позната како Жиле долги години е водителка и досега има работено на многу проекти.
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
Својата кариера ја започна на Македонската телевизија, на која ѝ остана доследна и таму работи и денес.
Познатата е по брзото зборување и течната мисла.
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
Од почетокот на нејзината кариера до сега воопшто се нема променето, што се однесува до физичкиот изглед.
Не сака премногу да експериментира со изгледот и никогаш досега не сме ја виделе да ја смени бојата на косата.
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
Освен што е посветена на професијата, таа е и посветена на семејството.
Во брак е со бизнисменот Зоран Каленков, со кој има три деца.
Таа е доста активна на социјалните мрежи каде често споделува објави и од приватниот живот, фотографии од нејзиното среќно семејство и случки од секојдневнието.
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
Овој пат ги изненади фановите со фотографија на која позира во прегратките на светски познатиот пејач Роби Вилијамс.
Фотографијата собра стотици лајкови и коментари.