Се сеќавате на Плазма девојчето? – Еве како изгледа денес, се уште ја викаат „Бамби“

Сигурно се сеќавате на слаткото девојче од најпоуларните „Плазма“ бисквити, сега таа е голема девојка па решивме да ви откриеме како изгледа денес.

Поминаа речиси 20 години откако Александра Недшан од Кикинда од 2.000 девојчиња беше избрана за заштитно лице на омилените детски бисквити.

Александра во 1999 година е избрана за заштитно лице на „Плазма“, а 16 години подоцна раскажува како се тоа започнало.

Илјадници деца пораснаа со популарните бисквити на „Плазма“ а на кутијата се мешка симпатично девојче, која порасна во талентирана девојка и вистинска убавица.

Беше втора и воедно последна девојка која ја красеше кутијата на најпознатите бисквити. „Бамби дете“ беше се до 2006 година, а дека повеќе не е заштитно лице на оваа кмпанија дозна од медиумите Таа вели дека кога дознала била многу тажна.

Популарната „Бамбинка“ како и повеќето соседи ја викаат и нејзините пријатели ден денеска. Таа имала само седум години и сето тоа време и годео вниманието, но и блгодарна е на родителите што таа не е вообразена.

– Тоа за мене и за другите девојки беше убаво дружење. Подоцна кога снимав реклами и кога ме фотографираа за календари, станав свесна за својот успех, зборува Александр додавајќи дека редовно од компанијата „Бамби“ добивала подароци и слатки, дури и не и го заборавиле роденденот.

За родендени, Божиќ, Велигден, од компанијата и праќале по 50 килограми слатки, а таа несебиично ги делела со други деца.

Како што таа одамна има откриено за медиумите, нејзините родители од парите кои ги добила како заштитно лице на плазма бисквитите отвориле оптичарска работилница и започнале свој сопствен бизнис.

(Visited 172 times, 1 visits today)