Се повлекуваат бебешките пудри на „Џонсон и Џонсон“ со талк по обвиненија дека предизвикуваат карцином

Џонсон и Џонсон (Johnson&Johnson) најави дека ќе престанат со продажба на пудра за бебиња што содржи талк во САД и Канада.

 

Американската корпорација  најавија дека постепено ќе ја прекинат продажбарта на продуктот во следните месеци.

Поднесени се повеќе од 16.000 судски тужби против Џонсон и Џонсон, во кои тужителите тврдат дека производите што содржат талк, вклучително и бебешката пудра, им предизвикале карцином.

Компанијата наведува дека ја гарантираат безбедноста на своите производи, повикувајќи се на „децении на истражување”.

Facebook Comments
(Visited 20 times, 1 visits today)