Наши ѕвезди
Се ожени еден од најпосакуваните ергени во цела Македонија – ПОГЛЕДНЕТЕ, оваа убавица од Штип е негова невеста!
Реклама
Поранешниот независен пратеник стави прстен на раката на неговата девојка.
Поранешниот независен пратеник Павле Богоевски на социјалните мрежи објави дека ја запросил својата девојка.
Маркетинг
Имено убавата Александра му кажа „ДА“ додека двајцата беа на одмор во Хвар, Хрватска, од каде и ја споделија веста дека ќе се венчаат.
Двајцата уживаа на преубава плажа со кристално чиста вода, а оттаму споделија и неколку фотографии.
Павле, кој беше дел од Шарената револуција, веќе подолго време е во љубов со Александра Михаилова која е од Штип.
Таа веќе три години работи на Клиниката за Гинекологија, а претходно дипломирала на Медицинскиот факултет како општ лекар.
На парламентарните избори во 2016 Богоевски станал пратеник како петти носител на пратеничката список на СДСМ во првата изборна единица, каде партијата освоила 10 пратенички мандати.
Богоевски претходно работел како асистент на факултетот за безбедност во Скопје и ментор во полициската академија, а потоа и во ЛГБТ центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Маркетинг
Во 2019 година, тој поднесе оставка од функцијата пратеник.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .