Реклама
Вирално

Се огласи Македонка од Италија: „И покрај предупредувањата за коронавирусот, сите бевме на улица и уживавме во убавото време. Но ОВА сега е катастрофа!“

Реклама

Цела Италија е „заклучена“, целата „чизма“ е еден голем карантин, а улиците на италијанските градови, кои обично се преполни со туристи и локални жители како Рим, Венеција, Милано, Фиренца … се пусти .

Но и покрај драстичните мерки кои се преземаат, коронавирусот не застанува. И ова важи за целиот свет, а не само во Италија.

Маркетинг

Се уште најголем број на лица кои го изгубиле животот од ковид-19 е во Кина (3056), додека на второ место е Италија со 827 жртви. Светската здравствена организација прогласи пандемија, а како што вели Македонката Лела Садикарио која живее во Милано, овој преубав италијански град преку ноќ се претворил во едно темно место кое потсетува на војна, каде луѓето се збунети, тажни, вознемирени, беспомошни и претежно не разбираат како оваа реалност била присилена врз нив и кога ќе заврши целиот овој кошмap.

Еве што вели таа во нејзиниот пост на Фејсбук:

Маркетинг

Да, живеам во Италија – Милано, и затоа се решив да споделам со вас како се одвива животот овде во овие тешки денови и како мислам дека треба и мора да научите од грешките.

Во моментов сме во карантин.

Не може да се излегува на улица, Ако излезеш без валидна причина Полицијата може да те казни! Сè е затворено! Бизнис, Трговски центри, Продавници, Сите улици без жива душа. Чувството е како да дошол крајот на светот!

Италија, а Милано посебно секогаш бил симбол за добриот живот и тој живот се претвора од момент во момент, во едно темно место….место на војна!

Тоа е реалност која никогаш не сум помислила дека ќе ја доживеам пак после 90-тите години со распаѓање на Југославија. Луѓето се збунети, тажни, вознемирени, беспомошни и претежно не разбираат како оваа реалност била присилена врз нив и кога ќе заврши целиот овој кошмap.

Голема грешка беше тоа што, на почетокот сите постираа статистики да покажат дека вирусот е полесен него еден обичен грип, и луѓето продолжија да ги водат своите животи како и обично и работеа од дома, а всушност сите беа на улици, уживајќи го убавото време и чувствувајќи го моментот како еден вид на одмор, собири по паркови, гледање со пријатели, големи фамилијарни собири.

Сите згрешија па дури и јас!

Ве молам, внимавајте ова не е шега.

Заштитете ги вашите најблиски, родителите, бабите и дедовците! Болеста е опасна за нив.

Тие умиpaaт! Бројката дневно овде е дека губиме по 200 луѓе, а 2000 нови случаеви се регистрирани. Не дека здравствениот систем во Милано не е добар (тој е еден од најдобрите во светот), но зошто умиpaaт?! Затоа што нема место за секого во болниците! Лекарите избираат кој ќе умре! И тоа само заради несериозноста на граѓаните, и нашата свест и одговорност кон самите нас и цивилното општество!

Ве молам, ве молам научете од грешките, ние сме мала земја која може да заврши во голема трагедија. Доволно ја сакате да ја заштите!

Слушајте ги упатствата на Министерството за здравство (Не е момент за препукувања но сложност и обединет пат – непријателот е еден вирусот)

Бидете на дистанца од еден метар на секоја личност. Не се приближувајте, не се гушкајте и бакнувајте.

Помогнете им на експертите да го спречат ширењето ✌?

Во Италија целата земја е во карантин. 60 милиони луѓе се во карантин !! Ова можеше да се спречи доколку од почетокот се слушаа упатствата

Грижете се за вас и животот на вашите сакани!

Ви праќам еден цртеж кој моите деца го направија за една кампања која оди низ цела Италија со слоган СЕ ЌЕ БИДЕ ВО РЕД! И така и ќе биде доколку сите седиме ДОМА!“ пишува оваа девојка на социјалните мрежи.

Многумина се прашуваат – зошто Италија?

Кога епидемијата, или сега пандемијата на вирусот корона, започна да се шири надвор од границите на Кина, многу земји почнаа да преземаат дејства. Откако беа откриени првите три случаи, вклучувајќи двајца кинески туристи кон крајот на јануари, сите беа затворени во изолација во болницата во Рим. Идентификувани беа и контактите на тие „ескадрони“, а Италија беше една од првите земји во светот што ги прекина воздушните врски со Кина.

 

Сето тоа оставаше впечаток дека Италија е подготвена да се справи со овој „монструм“ …

Лондонски „Гардијан“ потсетува на зборовите на италијанскиот премиер Џузепе Конте на 31 јануари: „Системот за превенција воведен од Италија е најригорозен во Европа“.

Сепак, за сето ова време, невидливиот непријател се вмрежуваше низ градови, села …

Наскоро се покажа дека болниците во северниот и во централниот дел не се усогласени, дека не постојат јасни процедури во случајот кога луѓе се јавувале со необјаснета треска и респираторни проблеми. Работите се влошија уште кога се покажа дека луѓето што немаат никаква врска со Кина, се пожалиле на проблеми.

Еден човек од Кодоња (38) се разболел на 18 февруари и тој немал никаква врска со Кина. Отишол кај неговиот лекар и неколку пати одел во локална болница, но никој не ги поврзал неговите симптоми со коронавирус.

Сега е познато дека човекот бил „Првиот пациент“ како што го нарекоа италијанските медиуми. Кога конечно бил примен во болницата и тестиран, поминале веќе 36 часа кои ги поминал надвор од изолација. Дотогаш, тој заразил голем број медицински персонал и други луѓе.

Кога веќе станало јасно дека работата излегува од контрола, италијанските власти најпрво ги затворија регионите на северот од земјата (Ломбардија, Венето…), постепено и други, за да конечната одлука на Владата во Рим биде „Затворај ја целата земја“. Италијанските лекари упатиле драматични апели, опишувајќи ја секојдневната работа во болниците и борбата заразените пациенти да ги спасат како од „воено поле“.

Кои фактори влијаеа на тоа Италија да „падне“ ?

Шефот на одделението за заразни болести во миланската болница „Сако“, професорот Масимо Гали смета дека староста на населението е една од можните причини таа земја да ја направи толку ранлива.

-Во Италија имаме голем број луѓе кои се веќе во третиот животен период, кои имаат уште некоја болест. Мислам дека тоа го објаснува фактот што овде имаме толку сериозни случаи на коронавирус“, вели тој.

Но многу нешта и понатаму остануваат нејасни…

Поединци тврдат дека италијанскиот здравствен систем , сепак, не бил подготвен да ваков удар од непознат вирус, кој се „измешал“ со бранот на обичниот, сезонски грип. Во Ломбардија, во која има најмногу заболени, има само 800 респиратори, кои им се неопходни за функционирање на тешко заболените.

-Италијанците очигледно не биле подготвени за огромниот прилив на болни. Меѓутоа, како и секаде на светот, и во Италија починатите ја сочинуваат популација постара од 80 години – изјавил неодамна еден од српските епидемолози др Бранимир Нестеровиќ, додавајќи и дека „нешто укажува на тоа дека италијанските гени се посебно слаби на оваа зараза“.

-Треба да се присетиме дека пред сто години токму Италијанци и од „Шпанска грозница“ дури седумпати повеќе умиpaлe од останатите-додал тој.

Професор од Школата за тропски болести и хигиена во Лондон Адам Кухарски вели дека иницијалниот развој на болеста и ширење на вирусот во Италија покажал способност на коронавирусот да предизвика сериозна епидемија во многу краток временски рок.

-Пораката која мораме да ја сфатиме е ова – ако имате неидентификувано ширење на болеста која не е ниту малку сфатена сериозно, многу брзо ќе бидете соочени со бројки кои ќе станат приличен товар за вашето здравство. Во идеален случај епидемијата треба да се открие што е можно порано-вели тој. Иако ставањето на цели региони „под катанец“ од прва е фалено како добар потег, многумина тоа сметаат и дека не било можеби добар пат.

-Грешките се направени, веројатно, уште кон крајот на јануари. Италија не требало да ги запре летовите во и надвор од Кина – тие линии можеле да пружат увид во податоци кои доаѓаат од жариштето на заразата со коронавирус , што здравствените контроли би ги направило многу полесни-напишал италијанскиот новинар Бепе Севернини во колумна за „Њујорк тајмс“ на 2 март.

Меѓутоа, има и други мислења. Поединци сметаат дека италијанскиот менталитет „ќе биде лесно“ и “carpe diem” (зграпчи го денот) влијаело на сегашната катастрофална ситуација (звучи познато, зарем не?).

Извор: Гламур, Масимо Паолоне, Лапрес виа АП, Тањуг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button