Се мажи ќерката на Сузана Спасовска – ова е нејзиниот избраник

 

Познатата фолк дива, Сузана Спасовска откри дека нејзината ќерка Теона ќе се мажи.

Познатата македонска пејачка на својот Фејсбук профил откри дека нејзината Теона решила да заплови во брачните води, па им посака на сите родители да си ја дочекаат истата среќа.

– Е, да! Полека,полека си се спремаме за свадба. Има уште време. Верувам дека на сите родители еден од поголемите проекти во животот им е да си ги омажат и оженат своите чеда. Им честитам на сите со најновата песна што ја отпеав на Лешочкиот Фолк Фест 2019г. „Среќно мајкина“, пишува Сузана.

ADVERTISEMENT

Фото: Фејсбук

Ќерката на Сузе, Теона Спасовска за прв пат се појави во спотот на своајта мајка за песната „Дали знаеш ти (Рамо за плачење)“. Теона пред извесно време на својот Фејсбук профил постираше фотографија со своето момче -иден маж по име Виктор Велковски.Теона е дете на Сузана Спасовска од бракот со српскиот менаџер Раде, со кој беше во врска во почетокот на 90-ите.

 

Facebook Comments
(Visited 6.117 times, 1 visits today)