Сестрата на Игор Џамбазов е маестрална домаќинка – покажа што зготвила, а еве што ѝ искоментира неговата поранешна
Тања направи вистинско уметничко дело во кујна.
Вакво јадење може да подготват само врвните домаќинки.
Сестрата на еден од најдобрите актери и музичари кај нас, Игор Џамбазов, веќе 3 децении живее и работи во Америка.
ФОТО: Инстаграм / Тања Џамбазова
Тања е архитектка која со успех работи во компанија за дизајн на софтвер во Сан Франциско.
Тања и Игор имаат уметнички гени на дедо им Петре Прличко, и на родителите, композиторот Александар и глумицата Анче Џамбазова.
ФОТО: Инстаграм / Тања Џамбазова
Во 2016 година таа сними три филма во Сан Франциско, играше руски емигрант во Канада, учителка по пијано од Источна Европа, како и Хелена, жената на Бертолд Брехт.
Иако ретко доаѓа во Македонија, татковината ѝ е во срцето, особено традиционалната храна.
ФОТО: Инстаграм / Тања Џамбазова
На Инстаграм се пофали дека подготвила вкусен домашен леб и сарма од лозов лист.
Поранешната девојка на нејзиниот брат, планинарката Илина Арсова ѝ искоментира дека е мајсторка.