Селена Гомез ја отвори душата и призна како се извлекла од проблемите со депресија – НЕ користам Интернет и социјални мрежи!
Пејачката Селена Гомез ја преброди кризата и сега е исправена пред новите животни предизвици
Пред нешто повеќе од половина година познатата пејачка ја прекина турбулентната врска со Џастин Бибер поради која патеше од бројни здравствени проблеми. Тегоби, анксиозност и борбата со емоциите беше само еден од знаците дека атрактивната црнка не е на добар пат, па реши да сврти нов лист во нејзиниот живот. Еве како таа се извлече од сите проблеми, заборави на поранешното момче и заплови во својата оаза на мирот.
Не користам интернет. На социјалните мрежи не бев со месеци. Немам лозинка од мојот Инстаграм профил, немам никакви апликации на мобилниот. Немам дури ни апликации за средување фотографии. Единствено со што се забавувам е играта „Peak“ раскажува Гомез во големото интервју за магазинот „Elle“ додавајќи дека сега тоа е нејзиниот нов начин на живот на кој се навикнала.
„Сега како малку повеќе да се разбирам себеси. Тоа не значи дека пребродив сé и дека во животот дека научив сé, но се чувствувам многу добро“, зборува Селена. Таа минатата година направи голема операција, трансплантација на бубрегот, а потоа влезе во депресија поради што мораше да побара помош и заврши и во клиника.
Само неколку дена откако се разделија Бибер се фалеше дека е во врска со Хејли Болдвин, со која потоа објави и дека се сврши. И додека многумина мислеа дека оваа информација ќе ја скрши и онака кревката Селена, таа стана уште посилна. Денес таа е посветена на хуманитарната работа и волонтира во здружение кое се бори против трговија со луѓе, а започна и со бизнис со недвижности. Нејзината кариера воопшто не е запоставена, но направи мала пауза од светот на гламурот која очигледно и беше и повеќе од потребна.