Новости

Секоја чест за овој татко: Напишал предупредувачка порака за наставничките на ќерка му – еве што пишувало

Advertisement

Татко од Британија откри дека морал да преземе ригорони мерки со цел да ги спречи учителите на својата ќерка да ја контролираат што јаде.

ФОТО: Принтскрин

Таткото на три деца Рос Хант, од Велс, се огласил на TikTok за да објасни дека е изнервиран од начинот на кој вработените во училиштето се однесуваат со неговата ќерка за време на ручекот.

Тој рече дека наставниците инсистирале таа да го јаде зеленчукот и сендвичот пред нејзините слатки задоволства, и објаснил дека ставил белешка во нејзината кутија за ручек за да ги спречи да ја контролираат.

Advertisement

На етикетата пишувало: „Добредојдовте во кутијата за ручек на мојата ќерка“! Свесни сме за содржината на оваа кутија и среќни сме што таа јаде што сака“.

Многумина ги поздравија напорите на таткото и споделија свои приказни за училиштата кои се обидуваат да ја преземат контролата врз тоа што јадат нивните ученици од нивните кутии за ручек.

Во видеото на TikTok, таткото рекол дека бил „иритиран“ од една наставничка која кажувала на неговата ќерка што да јае.

Advertisement

„Во ред е ако ја јадете чоколадната торта што ви ја дава училиштето, но ако ставите една во својата кутија за ручек, тие велат „о, не, не треба да го јадете тоа“, рече тој додавајќи дека сега и додал порака на капакот на нејзината кутија за ручек.

Тој рече дека испечатил и втора порака, но неговата партнерка Рејчел го спречила да ја испраи.

ФОТО: Принтскрин

Тој рече дека бил во искушение да ја наполни кутијата за ручек исклучиво само со слатки но додал сендвич, стапчиња од морков, јаболко, круша, мала кесичка чипс, лижавчиња во вид на виножито и чоколадно јајце.

„Накратко, престанете да им кажувате на децата што треба и што не треба да јадат, оставете ги родителите да одлучат“, рече тој.

Откако таткото ја ставил белешката во кутијата за ручек, се надевал дека нејзините учители ќе ја видат и ќе се согласат.

Стотици родители во коментарите го подржаа овој татко, а многумина ја споделија и нивната слична случка.

ФОТО: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button