Северина очајна: Не ми дозволува да си го видам детето, го пикнал во самоизолација без да ми каже (ВИДЕО)
Пејачката Северина Којиќ во новата објава на Инстаграм се пожали дека не може да го види својот син Александар бидејќи е во самоизолација со татко му, Милан Поповиќ. Северина поради тоа дојде во Србија, но не може да си го види синот, како што напиша, поради тоа што Милан тврди деак бил во Австрија во март.
„Дојдов во Србија, зошто таткото на мојот син одлучил овде да ја помине целата недела, а за да можам да го видам барем во судски одредените термини, во вторник и четврток од 15 до 20 часот, како и следниот викенд од сабота кој е мој. Се согласив, не сакајќи дополнителни проблеми, зошто постојано трпам закани и навреди, кои ги пренесуваат различни таблоиди. Од саботата чекам и молам да го видам моето осумгодишно дете, кое не ја видело мајка му цели 5 дена. Не ми дозволи во саботата, а во неделата рече дека е кај своите браќа па ќе ми го даде во понеделник. Потоа се премисли и вчера. И кога конечно дојде денес, денот кога не плачам, наместо да го гушнам роденото дете, татко му прогласи самоизолација на Александар и себе, поради неговото патување во Австрија на 7 и 8 март, за кое воопшто не ме извести. Бидејќи од тогаш во меѓувреме два пати бев со синот, го предупредив на тоа и на судската одлука. И дојдов пред неговата белградска адреса, но понатаму од влезната врата не можам. Не дозволи ниту окото мое да ми мафне низ тераса или од врата…#верувајвољубов#верувајвоправда#роденомое#, напиша пејачката.
https://www.instagram.com/p/B91y8HHBL7c/?utm_source=ig_embed
Инаку, од крајот на декември, кога Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе одлука дека нејзиниот син ќе живее со таткото Милан Поповиќ, а кај мајката ќе биде само во термините кои ги одредил синот, пејачката се обидува да се избори за старателство врз синот.