Северина направи вистински БУМ на Инстаграм – мажите полудеа по еден детаљ!

Хрватската пејачка Северина повторно во полн сјај, фановите пресреќни што и е врати насмевкта на пејачката.
Северина по бурниот период од животот повторно жари и пали на „Инстаграм“, мажите полудеа по стапалата на Севе.
-Јас сам девојка из села, а и нога ми е боса, се пошегува пејачката на своја сметка под фотографијата.
Таа водеше борба и со корона вирусот.
„Ве сакам и јас“, напиша Севрина покрај фотографиите со хаштагот да бидеме одговорни, и им се заблагодари на бројните фанови што и ја даваат поддршката во овие моменти.
-Изгледаш како девојка од 22 години, и порача еден фан.
Пејачката збесна од односот на некои медиуми кои ги негативно ги етикетираат позитивните на корона вирусот.
– Ги повикувам луѓето кон позитивните од корона да не се однесуваат како кон лепр озни, посебно во малите места, за што луѓето ми пишуваат, туку да им помогнат колку што можат. И телефонски разговор со некој и порака на мобилен понекогаш се доволни за да мислите на некој. Знам дека не смеете до нив, но однесете им овошје пред врата или уште подобро топла супа од домати. Не се занимавајте со пребројување и озборување. Солидарноста е она што може да не спаси и заштити, рече Северина.
Северина откако дознала дека има ковид-19 на социјалната мрежа Инстаграм, ги извести своите фанови и ги замоли медиумите да не ги нагаѓаат местата на кои би можела да се зарази:
-Иако немам никакви симптоми, денеска добив потврда дека сум позитивна на ковид-19, додека тестот на синот беше негативен. Веднаш утрово, по контактот со епидемиологот, ги презедов сите мерки, веднаш го известив и таткото на детето и во договор со таткото го предадов два дена пред одредениот термин, за самоизолацијата да ја помине со него, без оглед на негативниот тест. За да ја заштитиме заедничката приватност и да ја избегнеме стигматизацијата на детето, воедно го известив и таткото за дискреција, ова го напиша Северина неоодамна.
Хрватицата беше веднаш етикетирана во јавноста и полни беа насовните дека се заразила „журкајќи се низ Далмација“.
– Но, 20 минути откако таткото го презеде детето, во српските медиуми се појави веста дека сум заразена „журкајќи се со детето низ Далмација“. Значи да, имам позитивен тест, немам симптоми, се заразив од блиска личност, веројатно по враќањето во Загреб, а не во текот на летувањето во Далмација. Бидејќи тоа лице вчера доби позитивен тес, веднаш јас и мојот син отидовме на повторно тестирање, зошто нашиот прв наод, за двајцата беше негативен. Апелирам до медиумите, посебно на оние во Србија да не воздржат од објава на невистините, непроверени односно измислени информации, децидна е Северина.
Пред короната како што се пишуваше низ медиумите тежок период имаше и во љубовта, наводно таа ставила крај на бракот со Игор Којиќ.
-Жени, не дозволувајте да ве „фарбаат“, стои под фотографијата која пејачката на објави на Инстаграм.
Според чаршиските гласини, пејачката и нејзиниот сопруг не успеваат да ги надминат нарушените односи, иако повремено комуницираат преку телефон.
Наводно, нивните разговори се сведуваат на тоа Игор да ја убедува Северина да останат заедно и да размисли за бракоразводната парница, но таа е решителна. Игор дури имал намера да отпатува кај неа во Загреб и да разговарат во четири очи, но таа одбила.
Медиумите што го следеа концертот на Северина во Сплит најпрво забележаа дека Северина веќе не носи венчален прстен на рака, кој го носеше на свадбата пред пет години.
Ова само ги потврдуваат шпекулациите за нивниот развод ии дека нависттиина ќе заврши нивната 6 годишна љубовна семејна идила.
Низ фотографии ве потсеуваме колку среќно семејство некогаш беа Севе и Игор: