Стил

Северина во штикли од 1000$ кои им се омилени на Македонките, но и на шпанската кралица Летиција

Топ издание на познатата пејачка

Северина ги спакува своите куфери и замина да ја посети Италија, па покажа како ужива во Рим со своите пријатели и семејството. Таа на својот профил на Инстаграм сподели дел од атмосферата, а еден детаљ посебно ги изненади сите.

Имено, една од најпознатите хрватски пејачки објави видео на кое се гледа како чекори по улиците на познатиот италијански град облечена во мал црн фустан и со „фенси“ штикли.

Во прашање е популарниот модел „Jimmy Choo Bing“ кој Северина без проблем го носи по калдрмата, иако се со убиствени високи потпетици од 13 сантиметри, со кои не би се снашле баш најдобро сите дами.

Фото: Инстаграм/ Северина Вучковиќ

Но Северина очигледно нема проблем да се движи по ваков „опасен“ терен во нив и да заблеска како никогаш досега.

Фото: Инстаграм/ Северина Вучковиќ
Фото: Инстаграм/ Северина Вучковиќ

Инаку, овој дизајнерки модел од светски познатата модна куќа го обожаваат многу познати дами и инфлуенсерки.

Кралицата Летиција во своите омилени штикли

 

Штикли од овој познат бренд во своите плакари има и шпанската кралица Летиција, а го обожаваат и многу Македонки.

Jimmy Choo Bing, 100 mm, 850 евра

Една од нив е и нашата позната водителка Елена Стефановска која токму овој бренд го избра за да зачекори под лудиот камен.

Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска

„Секоја невеста сонува на својот прв танц да носи високи потпетици од Џими Чу“, сподели Елена тогаш на својот Инстаграм, не криејќи колку е возбудена што ќе ги носи овие чевли на најважниот ден во нејзиниот живот.

Фото: Инстаграм/ Северина Вучковиќ

Во продолжение погледнете уште неколку модели од овој познат бренд…

Jimmy Choo, 950 евра

Jimmy Choo, 850 евра

Jimmy Choo, 895 евра

Jimmy Choo, 895 евра

Jimmy Choo, 895 евра

Jimmy Choo, 895 евра

Jimmy Choo, 850 евра

Маркетинг

Поврзано

Back to top button