Светот се врти околу нив, навикнете се!Ширите оптимизам каде и да одите.Се разбира дека сте лав!
Вашата страст е инспиративна и лесна – шири оптимизам каде и да одите. Се разбира дека сте лав!
1. Не веруваат во туѓата имагинација
Можат да намирисаат лага на километар затоа не се трудете да им сервирате некоја приказна која воопшто нема смисла, знаат кога лажете.
Судејќи по тоа дека Сонцето е нивни водич, имаат јак темперамент, така да подобро пазете да не се сретнете со нивната лоша страна – и да изгорите!
2. Имаат одлична смисла за хумор
Шегите кои ги кажуваат не се типични, едноставно тие се забавни.
Било да е тоа добар тајминг со нивните изрази на лице додека кажуваат, раскажувањето на вицеви на забавите им е една од појаките страни.
3. Светот се врти околу нив, навикнете се!
Лавовите го сакаат вниманието и сите тоа го знаат! Луѓето често гравитираат спрема нив и во главно ги ценат поради тоа што го прават, а сакаат и како изгледаат кога тоа го прават.
Кога се сите очи вперени во нив, тие дефинитивно се во свои елемент.
4. Знаат што сакаат и секогаш се погрижуваат тоа и да го добијат
Движечката сила зад секој Лав е неговата желба. Никогаш немаат проблем во донесувањето на одлуки и кога имаат поставено цели не постои ништо што би можело да ги наруши.
Иако можат да бидат експерти во манипулирање, не сакаат тоа да го користат. Тие ќе успеат и без тоа!
5. Лојалноста е многу важна за Лавот
Лавот не ја сфаќа лесно лојалноста. Тие се чувствителни и ќе бидат покрај вас и во добро и во зло, така да подобро и вие да бидете до нив.
Ако го издадете Лавот, ќе бидете исечени од неговиот живот без размислување, затоа бидете внимателни.
6. Нивната самодоверба е непобедлива
Лавот е многу горд човек кој не се срами за неговите предности и достигнувања. Има силна слика за себе и не е загрижен што мислат другите за него.
На крајот на краиштата, Лавот не губи сон поради мислењето на овците!
7. Лавот е сјаен водич
Неговата внатрешна сила и храброст го прави Лавот природен водич. Тоа е квалитет што повеќето сакаат да го поседуваат. Неговите лидерски способности доаѓаат без напор бидејќи тој е добар во организирање на луѓето и задачите, како и доделување на должности за да се осигура дека се ќе биде направено.
Секогаш можете да сметате на вашиот пријател Лав доколку сакате да организирате успешна забава.