Сања Николиќ конечно го покажа синчето – еве како изгледа наследникот на Слаткаристика, ќе се стопите

Тие се еден од најпопуларните парови во Македонија, но многу вешто ја ријат својата приватност.
Хип-хоп изведувачот Марко Маринковиќ Слаткар или Слаткаристика и неговата сакана, мисицата Сања Николиќ во 2014 година одлучија да запловат во брачните водите. Четиригодишната врска ја крунисаа со брак.

Во еден скопски ресторан за свадби организираа свадбена веселба на која присуствува многу нивни блиски и пријатели, но и луѓе од македонската естрада.
Свадбената церемонија ја започнаа со популарната песна „Кажи да“ на Маринковиќ која беше специјално наменета за Сања.

Сања и Слаткар скоро воопшто не се активни на социјалните мрежи, а приватноста ја кријат како змија нозете.
Инаку сподред објавите на Инстаграм, може да се забележи дека Марко е навистина романтичен маж. Иако навидум груб, тој сепак го докажа спротивното.

За својата сакана Сања често пишува емотивни пораки на социјалните мрежи.
Тој беше и првиот што ја соопшти прекрасната вест. Иако долго криеја, сепак Марко одлучи со сојата публика да ја соопшти најубавата вест.
„Ќе бидам татко.
2020 ќе биде мојата најсреќна година.
Ви ги посакувам моите убавини.
Среќна Нова Година“, напиша Слатка во опис на фотографијата на која Сања позираше во елегантно издание, а во преден план е нејзиното трудничко стомаче.

И тоа беше навистина така. На Марко и Сања им се случи најубавото нешто за еден пар. Станаа родители.
На 15 април 2020 година го добија својот наследник, кој го крстија Моша. Гордиот татко убавата вест ја сподели на социјалните мрежи.
„Се роди Моша Маринковиќ. Голем да му расте“, напиша на „Фејсбук“.
Оттогаш очигледно нивниот живот драстично се промени, па двајцата се максимално посветени на малиот Моша.
Гордите родили секој слободен момент го користат да го поминат заедно со Моша.
Сончевите периоди ги користат за прошетка во природа, а убавите моменти ги овековечуваат со фотографии.


Она што е интересно е тоа дека никогаш досега тие не го покаќале лицето на Моша, па публиката немала можност да види како тој изгледа.
2021 година беше првата Нова Година која парот ја дочека со бебе, а знаеме дека децата најмногу се радуваат на новогодишните украси. Тоа беше дополнителен мотив тие да се потрудат убаво да го украсат домот.
„Прво селфи, па може да почнеме со ќитење“ напиша Слаткар во опис на фотографијата на која се гледа како Сања и малиот Моша се фотографираат пред да започнат да ја китат елката за Нова Година.

Април е месец за подигање на свеста за царскиот рез.
Како поддршка за сите мајки кои на свет донеле наследници со царски рез, Сања постави објава на својот Инстаграм профил, преку која потврди дека и таа Моша го родила со царски рез.

Моша повеќе не е бебе и наскоро ќе наполни една година, па гордата мајка на Инстаграм е пофали дека тој веќе ги направил првите чекори.

На кратките приказни сподели видео на кое се гледа како Моша се шета низ дворот, со помош на неговиот татко кој му подава рака од време на време.

Видеото веднаш доби многу лајкови и честитки за проодувањето на првиот син на парот.










ФОТО: Марко Маринковиќ / Инстаграм
















