Руски свештеник казнет поради својата попадија – ќе му простат кога „разузданата“ госпоѓа ќе се покае за гревовите (фото)

Казнет поради нејзиниот блуд во време на пост

Рускиот свештеник Сергеј Зотов беше избркан од служба во православната црква во Магнитогорск и испратен да служи далеку во едно зафрлено село поради својата секси сопруга Оксана која победи на Мис на сексуалноста.

ADVERTISEMENT

На свештеникот му беше кажано дека неговата сопруга направила невиден скандал и тоа за време на пост, и ќе биде во можност да се врати во служба во црквата кога Оксана ќе се покае за своите гревови.

Свештеникот Зотов вели дека неговата жена знае каде згрешила, но русокосата мисица одбива јавно да се покае, и смета дека нема ништо лошо во натпреварите за убавина. Свештеникот за руските новинари изјави дека добиваат голем број закани поради натпреварот за убавина кои им ги испраќаат екстремни верници од нивниот град.

 

Неговите претпоставени во Руската православна црква велат дека не постои шанса Зотов да се врати во нивната црква се додека госпоѓа Оксана не се покае јавно и не го промени начинот на живот, кој вклучува и позирање на социјалните мрежи во кратки фустани и со силна шминка.

По скандалот, Оксана реши да ги избрише профилите на социјалните мрежи.

Facebook Comments
(Visited 1.024 times, 1 visits today)