Рибите ги чувствуваат туѓите радости и таги како свои

Тие се луѓе блиски до нивните срца и на кои знаат дека секогаш можат да се потпрат.

Рибите се сонувачи, честопати бегаат од реалноста во нивните фантазии и планови за иднината.Овој хороскопски знак е веројатно најромантичен во целиот зодијак. Тие го сакаат чувството да бидат посебни и пожелни, а романтиката за нив никогаш не е излишна, па дури и задолжителна.

ADVERTISEMENT

Тие имаат мистериозни карактеристики што ги заинтригираат другите и го разбудуваат нивниот интерес. Нивната личност е магнетна, возбудлива и тешкото за откривање е нивното моќно оружје.

Нивната длабока емотивност влијае и врз нивните расположенија, кои често и драматично ги менуваат. Ова понекогаш може да биде големо тешко искушение за луѓето во нивната околина.Тие претпочитаат да се фокусираат на поголема слика отколку да истражуваат во малите детали.

Риби хороскопски знак кого го носат оние кои што се родени помеѓу 19 февруари и 20 март. Со овој знак владеат планетите Нептун и Јупитер. Симболот  претставува две риби кои пливаат во спротивен правец.

Рибите ги чувствуваат туѓите радости и таги како свои. Она што водолиите го проповедаат, рибите го спроведуваат. Често се привлечени од мистичното, а бидејќи се со променливо расположение, лесно можат да станат плен на измама. Омилена боја им е зелената, а често пати и морско сината бидејќи тие се риби во хороскоп ги привлекува бојата на водата.

Тие многу ги сакаат песните, веселбите т.е. музиката. Полни се со добрина, благородност и преданост. Некои од нивните пријатели ги искористуваат затоа тие многу патат, но тоа тие не го заслужуваат. Ги сметаат и за скржавци поради нивната педантност, но тие не се скржавци.

Рибите работат најдобро кога работат со емоции, или кога се грижат за другите. Затоа често ги наоѓаме во добротворни институции или места кои пружаат лекување и помош. Не се добри организатори, и не сакаат рутински обврски.

Facebook Comments
(Visited 503 times, 1 visits today)
Loading...