Реновирала дома и ПОГЛЕДНЕТЕ што пронашла откако ги отстранила даските: Издржало толку години

Една мајка била воодушевена кога открила чоколадо на Dairy Milk, старо речиси 100 години, кое цело време било под нејзините даски.

Ема Јанг, од Плимут, Девон, ги вадела оригиналните подни даски во нејзината бања додека го реновирала својот дом од 1930-тите кога забележала нешто што на почетокот изгледало како отпад.
Но, кога 51-годишната жена ја исчистила прашината, откопала „убава“ правоаголна картонска кутија со препознатливата виолетова амбалажа на Кедбери.
Жената која е мајка на две деца не го препознала чоколадото, па се обратила до компанијата за да дознае повеќе и била информирана дека истото е произведено помеѓу 1930-1934 година.

Жената сепак открила дека во кутијата немало чоколао и се сомнева дека градежниот работник кој работел на нејзината куќа додека се градела во 1932 година, го изел чоколадото и ја фрлил амбалажата.
И покрај тоа што амбалажата е сара, сепак е во добра состојба и ќе биде урамена.

Ема за медиумите изјави: „Она што многу ме запрепасти беше нејзината состојба. Од едната страна е недопрена – нема да верувате дека е стара речиси 100 години“.
„Бидејќи е толку старо, очекував да биде речиси нечитливо, но освен едната страна што ја изџвакале глувците, другата страна изгледа како нешто што би го ставиле на полица.
На кутијата пишува „Cadbury’s Dairy Milk чоколадо неаполски“ и „направено во градинарското село Бурнвил Англија“, прекрасно е“.

„Куќата е изградена околу 1932 година, а чоколаото е произведено помеѓу 1930-34 година, се сомневам дека чоколадото било ужина на некој градежен работник“.
Ема рече дека се преселила во нејзиниот имот во 2016 година и полека, полека го реновира.
Таа ја реновирала бањата, која првично била спална соба и тогаш ја пронашла кутијата.

На кутијата се споменува дека е „направена во градинарското село Бурнвил Англија“, каде што започнало производството во 1879 година.
„Тоа е повеќе од обвивка, тоа е историја. Седи на нашата комода и постојано е тема за разговор.
„Кутијаа има многу сентиментална вредност. Мислам дека можеби ќе треба да се врами и да оди на ѕидот во бањата со датумот на пронајдокот, бидејќи таму ѝ е местото, па ќе го вратиме таму каде што го најдовме“.

„Додека ја уредуваме куќата, не ги отсранивме карактеристиките од 1930-тите, го задржуваме духот на имотот – па дури и она што беше под подните даски.
Портпаролот на Cadbury рече: „Бевме воодушевени што ја видовме радоста што ја донесе ова парче од историјата на Cadbury! Како омилен бренд на чоколада на нацијата, Cadbury има богато наследство и е дел од британската култура и наследство речиси 200 стотини години“.
