Еко село во Сараево има градина во чест на нашиот ангел Тоше Проески

На околу 80 километри од Сараево има Еко село, наречено „Рај у рају“, кое му е посветено на легендарниот Тоше Проески.

Во Еко селото во Сараево на неколку места има табли на кои се испишани стихови од неговите песни. Токму овие стихови влеваат многу емоции кај посетителите.На Facebook страницата посветена на Тоше беа објавени фотографии од градината. „Еко село “Raj u raju” на околу 80 километри од Сараево. Посветено на нашиот Тоше. Легендите живеат вечно! Фала Босна и Херцеговина“ – пишува во описот.

ADVERTISEMENT

Под оваа објава има разни коментари, и многу споделувања. Но, сепак, фановите се срамат од својата земја, која, како што велат, најмалку направила за Тоше.„Браво, секоја чест! „Ете, другите повеќе го ценат нашето отколку ние“, се дел од коментарите на фановите.

„Во Македонија има улици по негово име, фонтани, споменици, има и спомен куќа светски направена како што доликува за легенда. Секој датум поврзан со него е одбележан достојно, со концерти, со хуманитарни акции, крводарителства итн. Сега и најголемиот стадион во Скопје се вика Тоше Проески, …“, напишаа во коментар админите на страна на Проески.

Фото: Фејсбук

Facebook Comments
(Visited 17 times, 1 visits today)