CelebrityНовости

Радост во семејството на Жељко Митровиќ – ќерката се мажи за руски милионер!

Advertisement

Сопственикот на ТВ Пинк Жељко Митровиќ има голема причина да слави неговата наследничка го кажа своето судбоносно „Да“ во Лондон.

Advertisement

Кристина Митровиќ која живее и студира во Лондон пред два дена е запросена од познат руски милионер.

Ќерката на Миртовиќ потврдно одговорила на прашањето и низ фотографии ја споделии радосната вест на социјалните мрежи, на фотографијата има скапоценет прстен и голем букет рози, по објавувањето на веста се редеа честитки од нејзините пријатели и следбеници.

Advertisement

– Реков „Да“, напиша Кристина на својата објава.

Нејзината мајка ведаш одговори и напиша на објавата
– Многу љубов и среќа ви посакувам!

Идниот сопруг на Кристина Митровиќ е син на руски тајкун се занимава со приватен семеен бизнис. Има приватен авион, обезбедување, возачи, и голем возен парк.

Таа често знае низ фотографии да објавува од луксузниот живот на нејзиното момче, и често знае да се пофали со подароците од нејзиниот сакан.

Идниот сопруг на Кристина пред неколку месеци престојувал во Србија каде се запознал со семејството на неговата сакана и шетал низ Белград и како што пишуваат српските медиуми тоој се вљубил во градот и храната од каде е неговата љубена.

Жељко Митровиќ пред Кристина го има и синот Александар.

Александар е синот на Митровиќ од првиот брак, кој го доби со пејачката Соња Митровиќ – Хани.

Подоцна се разведе и се ожени со сегашната сопруга Милица, со која ја има ќерката Кристина.

Синот на сопственикот на Тв Пинк го посрамоти угледот на семејството откако пред неколку години Александар усмрти 18 годишна девојка во Белград.

Андреа Бојаниќ е девојката која во 2013 трагично заг ина во сообр аќајна несреќа, кога беше пре газена од Александар Митровиќ.

Завршила втора година во 14-тата Белградска гимназија. Била одлична и примерна ученичка, а поч инала додека се враќала дома, недалеку од својот стан.

Андреа Бојаниќ живеела со мајка си на Коњарник во една од Источните капии на Белград, недалеку од местото на кое по чинала. Соседите и претседателот на потстанарите вчера изјавиле дека не ја познаваат, но и дека е можно дека живеела во нивната зграда, која има повеќе од двесте станови, од неодамна.

Во изјава за Телеграф Жељко Митровиќ вели: Оваа трагедија е од немерливи размери и не знам како да ја изразам сета болка поради см ртта на несреќната девојка која ја усмрти со автомобил мојот син Александар. Би го дал животот да можам да го вратам времето и да ја спречам траг едијата која однесе еден млад живот. Не постои начин да ја изразам болката и сочувството во болката на семејството на девојката – вели Жељко Митровиќ во изјавата дадена откако го пријави својот син за убиство.

 

– Би го дал својот живот за нејзиниот, би сторил се на светот, би се откажал од се што имам да можам да ја сменам злата судбина која сите не погоди – вели Жељко Митровиќ.

Тој за синот Александар вели: Александар секогаш бил најсветлата точка во моето семејство, предобро суштество, никогаш не пиел алкохол и не пушел, вреден студент, скромна личност. Живееше во Лондон каде сакав да го тргнам од се, да не влезе во некое лошо друштво тука, да не влезе во некој проблем. Дојде на еден месец на распуст и ова се случи – раскажува скоро низ солзи Жељко Митровиќ.

Тој вели дека по несреќата неговиот син добил напад на паника. Сакал да се врати но бил во шок и не знаел ни да вози.

– Не сакам да го правдам, но штом ми се јави рече дека ќе се у бие, дека сака да оди во полиција но не знае каде е, и како да оди таму. Отидов веднаш по него и го однесов во полициска станица – вели Жељко.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button