Радост во домот на Цеца: Пејачката откри убава вест – фановите пресреќни!

Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражњатовиќ вчера на социјалните мрежи сподели една преубава фотографија од синот Вељко и внукот Жељко.
Малиот наследник на семејството Ражњатовиќ наполни пет месеци, а фотографијата ги освои сите симпатии од нејзините фанови.
Вељко Ражњатовиќ на фотографијата го држи својот син во прегратка, додека позира со голема насмевка на лицето.
– Моите двајца лептотани -напишала кратко Цеца во описот под објавата.
Цеца постојано е во центарот на вниманието, таа пред неколку дена беше исто така актуелна и по нејзината изјава исто на социјалните мрежи, таа ги откри своите приоритети кога станува збор за мажите.
Фолк пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ повеќе од деценија не покажа во јавноста ниту еден емотивен партнер.
Во поледните интервјуа изјавува дека навистина е сама, а сега јавно го изнесе својот став за каков маж сака покрај себе.
Судејќи по последата објава на пејачката како поминува времето и се менуваат приоритетите.
– На 20 години се бара вистинска љубов, во 30 години сродна душа, а во 40-тие некој со кого можеш да испиеш кафе, а да не ти оди на нерви, напиша Цеца на својот Инстаграм профил.
Пејачката денес има 46 години, но како што поминуваат годините таа е се поубава и поубава.
Жените и завидуваат на нејзиниот изглед, но и на младиот дух кој го поседува најголемата балканска ѕвезда.
Погледнете уште неколку интересни фотограиии од Цеца Ражњатовиќ: