Радован и Веселин се најоткачената екипа на Балканот – нивните ФОТОГРАФИИ се нешто што ќе ви го разубават денот!

Ова е Радован кој патува со својата екипа и кучето Веселин низ Србија и ги открива скриените убавини во оваа земја.

Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ

Радован Коваќ и неговиот пес Веселин со она што го прават веднаш ги освоија симпатиите на публиката и за нив сега зборува целиот Балкан. Тој одлучи да ја спои својата љубов кон природата и работата, па патува низ земјата, заедно со неговата екипа – кучето Веселин и комбето старо 32 години.

Радован е сопственик на видео продукција која зад себе има неколку успешни видео спотови, реклами и корпоративни видеа. По долги години работа за други, сега реши да направи нешто и за својата душа. Најпрво тргна да ги истражува убавините на Стара Планина, а од оваа авантура и се роди неговата идеја за новата емисија.

Неколку месеци подоцна, неговата екипа беше контактирана од телевизијата „Балкан трип“ која била воодушевена од нивната работа, па сопственикот на овој медиум им понудил да снимаат за него.

И сега Радован и Веселин со својата емисија „Предизвикај ја авантурата“ бројат стотици илјади прегледи на Јутјуб.

Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ

Тој и монтажерот Немања, камерманите Миљан и Никола, со кои пред сé е другар во приватниот живот, досега имаат снимено дванаесет неверојатни епизоди, на кои покажуваат интересни локации за кои многу малце луѓе знаат и кои не се толку познати во јавноста. И бидејќи Радован и неговата сопруга Ана се големи љубители на кампување и престој во природа, тие сонувале наместо шатор да имаат комбе во кое би можеле да преспијат. Па така неговата желба да купи старо комбе кое што ќе го преуреди по своја желба конечно му се оствари, а бидејќи комбето е старо 32 години, патувањето со него секогаш е авантура.

Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ

Сепак, најмногу симпатии на публиката има собрано кучето на Радован, Веселин, попознат како Веса.

Тој по третата епизода стана главен член во екипата. Во прашање е преубав лабрадор кој одлично се снаоѓа во својата нова животна улога.

Погледнете како изгледаат кога работат…

Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
Фото: Инстаграм/ Радован Коваќ
(Visited 61 times, 1 visits today)