Рада Манојловиќ налути многумина на пoгpeбoт на Исидора Бјелица – погледнете како се појави, нема да и го заборават ова!

Цело време плачеше за време на oпeлото

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Познатата фолк-пејачка Рада Манојловиќ, како што објавија српските медиуми, на комемopaцијата на Исидора Бјелица се појави меѓу последните. Имено, пејачката малку задоцни, а својата тага ја криеше под очилата за сонце.

Цело време плачеше за време на опелото. Заминувањето на писателката со која беше пријателка ја дотолчи

На комемopaцијата беше и нејзината колешка Светлана Цеца Ражнатовиќ која исто така дојде облечена во црно.

Фото: Зорана Јевтиќ, Курир.рс

Но сите се изненадија која видеа дека Рада нема заштитна маска, бидејќи беа загрижени за нејзиното здравје, а имаше и такви на кои тоа им пречеше.

Фото: Зорана Јевтиќ, Курир.рс

Последните години беа навистина тешки…

Исидора збореше отворено за тешката борба за живот, за борбата со ракот кој не и’ даваше да здивне.

„Имам канцер на јајникот кој се шири како пожар. Денес можам да бидам во ремисија, а за два месеци на смртна постеа. Во борбата со ракот нема правила. Затоа го барав лекот во 12 земји“ – истана Исидора, додавајќи дека бидејќи нема официјален лек сама се обидувала да го пронајде.

„Четири пати бев на границата помеѓу животот и cмpтта и четири пати се враќав. Видов колку човекот е глуп и малечок“, истакна Исидора.

Писателката ја бараше силата во семејството, читателите, а на крајот сфатила само едно – човекот е сам со тој ужас во себе и не може никаде да се сокрие, освен во понекој сон во кој за момент ќе заборави дека е болен. И не е дозволено да се откажете бидејќи тогаш сте готови.

Фото: Инстаграм/ Исидора Бјелица

Taa ја памти својата баба која била Евреинка и некое време поминала во концентрационен логор. Подоцна кога се разболела од рак, истакна дека нејзиниот живот со болеста е ист како животот во логор. Се сетила на нејзината реченица кога и самата се разболела.

„Од моментот на дијагнозата животот е логор. Не знаеш кога ќе те однесат на пoгyбувaњe, а секој нов ден е мачење. Немаш поим за што си виновен и зошто те мачат, а повторно веруваш во чудо и се надеваш.“

Фото: Инстаграм/ Исидора Бјелица

Исидора во една пригода изјави дека луѓето со таква болест или полудуваат или ќе се просветлат, или ќе одлучат да го напуштат овој свет бидејќи им е доста од сé.

„Велат дека ова не е живот.. сега ги разбирам, ова не е живот за човек! Го молев драгиот Бог да не ме издадат силата и здравиот разум“ изјави писателката во едно свое интервју.

(Visited 6.323 times, 1 visits today)