Реклама
Наши ѕвезди

Публиката од оваа Македонка плачеше во шоуто – Мики Секуловски се уште е далеку од нејзиниот успех

Мики не е единствениот велешанец што ги има собрано симпатиите на сите во „Ѕвездите на Гранд“

Реклама

Изведбата на Мими Јовановска на песната „Ако згрешам нека изгорам“ важи за еден од најгледаните настапи на македонските натпреварувачи што досега се појавиле во „Ѕвездите на Гранд“

Во најпопуларниот музички натпревар во регионот „Ѕвездите на Гранд“ многу музичари ја започнаа својата кариера.

На грандиозната сцена се имаат појавено и бројни пејачки и пејачи од Македонија кои со својот неверојатен талент ја воодушевиле милионската публика од целиот регион, а една од нив е и велешанката Мими Јовановска.

Маркетинг

Таа тогаш имаше 19 години, а за некои нејзини настапи со кои таа предизвика интензивни емоции кај сите, се уште се зборува.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таква беше на пример нејзината изведба на песна на Уснија Реџепова, кога Мими успеа да ги крене сите на нозе.

„Пееше како најскапиот швајцарски часовник“, и порача тогаш Марија Шерифовиќ, а потоа пејачката Ана Бекута откри дека Мими неверојатно звучела на сцената иако песната претходно никогаш не ја слушнала и никогаш претходно ја нема пеено.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Покрај оваа изведба, Мими тогаш ги воодушеви сите и со безвремената балада „Ако згрешам нека изгорам“ од Пепи Бафтировски. И оваа нејзина изведба, според податоците на Јутјуб, е една од најгледаните во историјата на „Ѕвездите на Гранд“ кога станува збор за изведувачи од Македонија.

Имено, оваа снимка со велешанката Мими Јовановска на Јутјуб има речиси 3 милиони прегледи, а интересно е и тоа што веднаш до неа е и изведбата на уште еден велешанец.

Станува збор за младиот фолк-пејач од Велес, Александар Темелков кој имаше 19 години кога последен пат се натпреваруваше во шоуто.

Инстаграм

Потсетуваме, во најновата сезона од „Ѕвездите на Гранд“ има неколку пејачи од Македонија кои важат за фаворити.

Инстаграм

Еден од нив е и Мики Секуловски, кој исто така е од Велес, а кој досега со своите настапи секогаш ги оставаше сите без зборови.

Некои негови настапи во шоуто веќе имаат преку 100.000 прегледи на Јутјуб, а најдобрите погледнете ги во продолжение…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button