Пријателството од Фејсбук прерасна во најубава животна приказна која има и своја Круна
Тоа е естрадна љубовна приказна која трае 12 години. Популарната српска пејачка Ивана Селаков толку време е во емотивна врска со својот менаџер Предраг Мирковиќ.
Интересен е фактот дека оваа двојка се запознала 2008 година благодарение на Фејсбук.
Ивана во една прилика раскажа дека таа и Предраг прво се допишувале преку Фејсбук, а потоа се запознале и лично и потоа стапиле во емотивна врска.
Исто така еден гест на Пеџа во старт ја освои Ивана.
– Додека живеев во еден крај од градот како потстанар, а тој на другиот, ми понуди да ми зготви паста и да ми донесе на едно моторче кое тогаш го возеше. Се се врти околу храната, се смее пејачката и продолжува: Ја стави пастата карбонара на тој мотор, помина дваесетина километри за да ми го донесе јадењето и тоа баш ми остана онака впечатливо. Многу се потруди, откри пејачката во една емисија.
Нивната љубовна врска трае 12 години и двојката само еднаш раскинала во тој период и тоа на кратко време.
Уште малку и ќе славиме јубилеј. За овие 10 години колку што сме заедно не сме имале некои големи несогласувања, освен една криза која не раздвои. Главно имавме нормални кавги и закачки, што е составен дел кога со некого поминуваш 24 часа. Имавме едно раскинување на врската од еден месец. На двајцата тогаш не ни беше сеедно. Глумевме дека сме силни и дека ни е супер еден без друг, а всушност не беше така. Решивме да се смириме и повеќе такво нешто не ни падна на памет – раскажа Ивана за српските медиуми.
Ивана и Предраг со години се обидуваа да се остварат како родители, но тоа не им супеваше, па во 2017 година се одлучија на вонтелесно оплодување, кое беше успешно и тие наредната година ја добија ќеркичката Круна.
Ќерката им ги исполни животите на Ивана и Предраг и сега живеат во вистинска бајка за која сонувале подолго време.