Пријателите на Фреди Меркјури продолжуваат да добиваат новогодишни подароци од него

Легендарниот Фреди Меркјури беше пејач на безвременскиот британски рок бенд Квин.

Фреди нè напушти пред 28 години, а покрај неговите раскошни вокали, тој е запаметен и по неговата дарежливост.

Ова го докажува британскиот печат, во кој се вели дека пејачот продолжил да испраќа новогодишни подароци на своите пријатели по неговата заминување од овој свет.
Имено, според британски Мирор, пејачот оставил тестамент во кој е наведено дека синџирот на продавници Fortnum & Mason секоја година околу Божиќните празници да им испраќа корпа со подароци на најблиските пријатели и нивните деца.

Жвотот на легендарниот пејач влијаеше на многумина, а неговиот близок пријател Елтон Џон ја сподели во својата книга „Љубовта е лек: на животот, загубата и крајот на СИДА“. се деталите за последните денови на Фреди.

„Неколку недели по погребот, тагував. На Божиќ дознав дека Фреди го оставил последниот доказ за неговата несебичност. Се растажив кога еден пријател дојде до мојата врата и донесе нешто завиткано. Внатре беше слика од еден од моите омилени уметници, британскиот сликар Хенри Скот Так. И внатре имаше порака од Фреди. Неколку години пред Фреди да си замине од овој свет си дадовме меѓусебните прекари, јас бев Шерон, а тој беше Мелина. Пораката гласи: „Драг Шерон, мислев дека можеби ти се допаѓа ова. Со љубов, Мелина. Среќен Божиќ “.

Елтон Џон изјави дека во тоа време бил презаситен од емоции.„Имав 44 години во тоа време и плачев како дете. Тој прекрасен човек во последните денови некако успеа да најде убав Божиќен подарок за мене. Колку и да е тажен тој момент, јас често размислувам за него и негевиот посебен живот “, рече Елтон.

(Visited 41 times, 1 visits today)