Приказна што треба да ја прочитате ако сте родени како Лав или Лавица

Порака за оние што се родени во знакот на Лавот!

Лавовите се родени за да уживаат во животот. Со топло срце на огнен знак, типичниот Лав секогаш со задоволство ќе се придружи на забава, сака да се смее, да биде во друштво на хедонисти и е подготвен со својата безгранична духовитост да ги насмее сите околу себе.

ADVERTISEMENT

Како вистински крал на џунглата, Лавот има многу пријатели кои му се многу лојални. Тој е полн со самодоверба и многу привлечен, но заради сите овие особини и неговото его му расте со невидени размери.

Приказната за Лавот е секогаш приказна за храброста. Тој е подготвен да реши многу комплицирани ситуации, не се плаши од проблеми, лесно ја презема иницијативата. Луѓето го следат, го почитуваат и му се восхитуваат. Но, на овој бестрашен борец кој се чини неуништлив и непобедлив сепак му треба и лавовска пештера. Му треба засолниште, место каде може да се одмори и да се смири во услови на криза. Тоа може да биде физичко, но и ментално „место“ – човек од доверба, сродна душа, негов „близнак“.

Затоа секој Лав, додека шета меѓу другите луѓе со крената глава, достоинствен и достоен за секаков восхит, треба да биде претпазлив да не го крева својот глас и да не впери какво било свое оружје кон оние кои се околу него. Исто така, тие не смеат несвесно да ги запоставуваат потребите на другите луѓе, бркајќи ги само своите материјални и емоционални желби.

Пораката за Лавот е – круната не се носи само на главата, туку и во срцето. Кога е во него, таа сјае уште поубаво!

Среќен роденден, драги лавови!

Facebook Comments
(Visited 929 times, 1 visits today)