Преубави вести од домот на Бали-бег – пристигна новиот член во СЕМЕЈСТВОТО, Неџла ја објави првата фотографија!

Сопругата на Бали Бег ги израдува сите…

Фото: Инстаграм

Фахрие Евџен, сопругата на најпознатиот турски актер Бурак Озџивит, објави фотографија со која ги израдува сите.

Бурак кој на овие простори најмногу се прослави со својата легендарна улога на неодоливиот Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“ во 2017 година се ожени со својата колешка, убавата Фахрие Евџен.

Тие во 2019 година го добија синот Каран, а денес живеат во Истанбул, во преубава куќа со поглед кон Босфорот.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Турските медиуми често пишуваат за популарниот пар, но и за нивниот брак, за кој понекогаш се шушка дека е на лабави нозе. Но секогаш откако ваквите шпекулации ќе испливаат на виделина, Фахрие и Бурак ги демантираат истите со нивни заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Од нив можеме да видиме дека парот живее складен семеен живот и дека уживаат со нивниот син единец.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Но токму затоа и сега верните обожаватели на убавата Турчинка беа воодушевени кога таа ги соопшти најновите вести.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Имено, таа објави фотографија и покажа дека во нивното семејство ќе имаат уште еден член, и тоа не било каков.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Во прашање е пудлица која изгледа преслатко и која ќе им биде одлично друштво како на Фахрие, така и на малиот Каран.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Брак како турска серија

Бурак и Фахрие се заколнаа на вечна љубов во 2017 година во Истанбул, по четири години врска, а во 2019 се остварија и во улога на родители. Турските таблоиди досега многу пати пишувале дека тие се блиски до развод и дека во нивниот брак веќе подолго време не цветаат рози.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Овие приказни ги следат уште од самиот почеток на нивниот заеднички живот, посебно откако го добија синот Каран.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Како што пишуваа тогаш медиумите, недоразбирањата настанале наводно околу тоа како да го воспитуваат нивниот наследник.

Но овие приказни никогаш не биле потврдени, а парот секогаш ги демантираше истите со заеднички фотографии.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Имено, и двајцата одвреме-навреме знаат да објават фотографии на кои се заедно и на кои изгледаат пресреќни.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Некои од нивните фотографии што ги споделуваат на Инстаграм погледнете во продолжение:

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
(Visited 1.244 times, 1 visits today)