Медената хероина и нејзината „добра вила“ ги израдуваа сите со новата вест.
Уште од првиот ден кога се запознаа Атиџе Муратова и Сузна Турунџиева станаа пријателки и неразделни се до ден ден.
Атиџе е вистинска инспирација за Сузана, која секојдневно се грижи да и го разубави животот со мали, но значајни нешта.
По објавување на првата песна „Од Бекирлија до Битола“ двете дами соопштија дека нивниот нов албум е готов и промоцијата ќе биде во среда.
Станува збор за албум наречен „Пола мене, пола тебе“ мотото со кое Атиџе го освои светот.
– Ова е тимот кој вредно и посветено работеше 12 месеци на албумот ПОЛА ТЕБЕ ПОЛА МЕНЕ
Позади нас оставаме многу изминати километри на релација Скопје – Дорфулија-Штип … Пробите најчесто ни беа во движење, трудејќи се максимално да го искористиме времето … Покрај големиот ентузијазам и желба да создаваме убави нешта имаше и стресни ситуации, но се трудевме да се забавуваме. Патем, наидувавме и на потешкотии, недостиг на средства, време, логистика и наспроти сите ограничувања и пречки кои реално ги имавме, не се откажавме од идејата да и помогнеме на Атиџе да има подостоинствен живот и музиката да и биде еден нов начин на финансиска поддршка која неа и е премногу потребна. Продуцентот Roberto Kentaur Pop Dimitrov ни ги отвори ширум вратите на неговото студио и на брилијантен начин, со огромна посветеност, студиозност и трпение го изваде најдоброто од Атиџе и од мене, напиша Сузе на својот фејсбук-профил.
Македонската хероина Атиџе Муратова од денот кога првпат се појави на малите екрани до сега претрпе драстична промена од која многумина се изненадени, а за голем дел од тоа е заслужна нејзината пријателка Сузана Турунџиева.