Премиерката Брнабиќ објасни зошто во Србија расте бројот на заразени од коронавирусот. Еве што вели и нашиот министер Манчевски

Има ли место за паника?

Според Брнабиќ, Србија тестови за корона набавува од неколку најдобри компании од Кина и од „Рош“.

Србија е меѓу државите во светот кои имаат најниска стапка на смртност од Kовид 19, а тоа е резултат на проектот за инвестирање на една милијарда евра во здравствената инфраструктура.

Порастот на бројот на заразени со корона вирус во Србија, заедно со опуштање на мерките против пандемијата, е очекуван, но сегашниот број не е причина за преголема загриженост, изјави премиерката Ана Брнабиќ при посета на Клиничкиот центар на Војводина во Нови сад.

Нашата земја сè уште тестира огромен број луѓе секој ден. Ако немавме толку многу тестирани случаи, немаше да имаме толку регистрирани случаи. Во повеќето земји, луѓето без симптоми веќе не се тестираат, а веројатно и таму има поголем број заразени луѓе – рече Брнабиќ, објаснувајќи како масовното тестирање ја крева епидемиолошката „крива“.

Според Брнабиќ, нашата земја набави тестови за вирусот корона од неколку од најдобрите компании од Кина и од „Рош“, и сите тестови се сертифицирани. Таа, исто така, истакна дека државата не заработува од цената од 6.000 динари (околу 3000 денари) колку што чини тестирање на лично барање.

– Ако ги исклучиме Лесковац, Врање и јужна Србија, каде имаме некои проблеми, може да се каже дека нашата земја може да биде потполно мирна во однос на пандемијата, бидејќи ситуацијата не е загрижувачка – потенцираше српската премиерка, а потоа енергично ги негираше неофицијалните тврдења дека има поголема бројот на трагични случаи од бројот што се соопштува во јавноста.

Што се однесува пак до ситуацијата кај нас, деновиве Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во гостување на ТВ 24 откри информации кои не беа соопштени претходно.

Имено, според зборовите на министерот, голем дел од новозаболените, се и луѓе кои биле на литијата во Струга, како и од ифтарските вечери.

„Овие денови бројот на заболени е поголем, но здравствените власти точно ги знаат кластерите на заразени, односнот немаме непознати жаришта.За жал, дел од новозаразените потекнуваат од литијата во Струга и од ифтарските вечери, кои се случија во последните неколку недели.“

„Доколку сите граѓани без разлика на вера сакаат да се намалат рестриктивните мерки, тогаш ќе мора да се зголеми и личната одговорност на секој од нас“, изјави Манчевски.

Facebook Comments
(Visited 9 times, 1 visits today)