„Преку ноќ се урна светот“ – Пејачот со шоkантно предивидување за коронавирусот во својата песна

Хрватскиот пејач Тони Цетински последните неколку месеци го провлекува вниманието на јавноста со своите ставови за вакцинацијата и за коронавирусот.

cetinski

Тој е голем противник на вакцинацијата па во последните објави на социјалните мрежи тврди дека во една од своите песни ја предвидел пандемијата од коронавирус.

– Сега маските да ги симнеме сите да видиме во оваа игра кој е кој… зошто преку ноќ се урна светот. За жал бевме пророци во оваа песна, напиша Цетински кога ја објави на својот Фејсбук профил својата песна.

Неговите обожаватели веднаш го поддржаа. „Бидејќи сме умоболен народ, желен за злоставување и тортура. Мене никој нема да ме присили“, напиша еден од фановите.

– На тоа се сетив пред неколку дена кога ја слушав песнава. Тони, ние сме телепатски поврзани, коментираше една негова обожавателка.

– Да ги тргнеме маски, само напред и ќе нема враќање, предупреди еден од неговите фанови, зошто сега и во Хрватска се зголемува бројот на новозаразените од коронавирусот и граѓаните се советуваат и натаму да носат маски и да држат дистанца.

Facebook Comments
(Visited 270 times, 1 visits today)