Реклама
Наши ѕвезди

Прекрасни вест, цела естрада слави – нашиот познат пејач стана татко: „Насмевка и љубов затоа што Бог ни подари уште едно агелче!“

Реклама

Среќа во домот на популарниот македонски пејач.

Утринава Гоко Јовиќ соопшти радосна вест на социјалните мрежи.

Маркетинг

Имено тој стана татко по четврти пат. Неговата сопруга Ивана се породи и на свет донесе машко бебе.

Пејачот пресреќен радосната вест ја сподели на Фејсбук а честитки пристигнуваа од сите страни.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ

-Денс нашиот дом повторно блесна со среќа, насмевка и љубов затоа што Бог ни подари уште едно ангелче во нашето семејство. Мојата сопруга Ивана ми роди син. Нека е жив и здрав, благословен и благослови да дели!-напиша Ѓоко на Фејсбук.

Инаку Ѓоко Јовиќ и неговата сопруга се горди родители на 3 деца, Теодора, Михаил и Јоан.

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Пејачот често вели дека семејството е негово најголемо богатство и важи за посветен сопруг и татко.

На почетокот на годината тие ја соопштија радосната вест дека очекуваат уште еден член во нивното семејство, а неговата ќерка по тој повод организираше и забава за откривање на полот на бебето.

Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ

Тој на својот фејсбук-профил покажа дел од забавата која неговата ќерка ја организирала и соопшти дека бебето кое го чекаат тој и неговата сопруга Ивана ќе биде момче.

Инаку Ѓоко важи за еден од најпопуларните и најбараните пејачи во земјава, а често е баран и во дијаспората, но и регионот.

Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ

Потекнува од земјоделско семејство, но никогаш не се срами да зборува за тоа.

Потекнувам од Валандово. Во минатото моите родители се занимавале со земјоделие во кое преовладувал тутунот. И јас сум го работел тоа, знам колку е тешко и затоа ги ценам луѓето кои ја одржуваат во живот таа земјоделска култура. Не се срамам да зборувам за моето минато и секогаш сум подготвен повторно да го работам тоа. Најважната лекција ја научив од татко ми. Еден ден ме седна и ми кажа: „Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво. Сум оставил чисто лице“. Тие зборови ќе ги паметам цел живот-рече Ѓоко во интервју за „Женски магазин“.

Нема сомнеж дека тој е одличен пример за своите деца!

Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button