Прекрасни вести, Џејла не ја крие среќата – еве како изгледа момчето што ја запроси и го освои срцето на нејзината сестра

Прекрасни вести од регионот

По повеќегодишната врска Лејла Рамовиќ, постарата сестра на најпознатата тинејџ ѕвезда во регионот, Џејла Рамовиќ, е запросена од нејзиното момче Дино. Среќната вест ја сподели новопечената свршеница на својот Инстаграм каде се пофали и со својот свршенички прстен.

Убавата Лејла прстенот го доби од своето долгогодишно момче Дино Јолдиќ, а под фотографијата напиша.

„О, да!“

Како што објавија медиумите, таа е запросена на 1970 метри надморска височина, на планина, и тоа пред сведоци.

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамовиќ

Идната млада не се надевале дека ќе биде запросена, па затоа беше многу изненадена кога го виде прстенот.

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамовиќ

Таа потоа тоа го откри преку своите „Инстаграм приказни“ по што следуваа бројни честитки од пријателите и бројните фанови, а меѓу првите секако се огласија нејзините сестри Џејла и Шејла, кои веднаш и ја честитаа свршувачката.

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамовиќ

Еве како изгледаше моментот кога Дино ја запроси Лејла и со тоа внесе радост во семејството Рамовиќ,

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамовиќ

Џејла ќе го напушти Сараево?

Минатогодишната победничка на музичкото шоу Гранд ѕвезди неодамна ги откри своите планови за во иднина.

Џејла во емисијата „150 минути“ објасни дека планира да го напушти својот роден град и да замие во странство каде ќе се запише на Економски факултет.

„Студирањето сепак ќе ми биде приоритет во однос на пеењето. Тоа е нешто што ќе го одреди мојот живот.“

„Пеењето дојде од моја желба, но сметам дека треба прво да видам што понатаму со образованието и по завршување на четвртата година од средното училиште веќе ги бирам градовите во кои би можела да заминам и да го продолжам моето школување“ изјави неодамна Џејла.

Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од преубавите сестри на Џејла, Лејла и Шејла.

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Шејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Шејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Шејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Шејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Шејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Шејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Шејла Рамовиќ
(Visited 441 times, 2 visits today)