Пред пет години иста ваква слика беше целосен шок – Шерон Стоун без шминка на лицето
Многумина непријатно се изненадија од актерката Шерон Стоун кога пред пет години се појави фотографија од салон за убавина на која немаше грам шминка и на која изгледаше како и секоја друга жена.
Дежурните критичари кои очигледно никогаш не виделе жена без шминка, најостро го критикуваа изгледот на актерката. Но како ќе реагираат на новите фотографии на кои исто така е без шминка? Па, најверојатно ќе се изненадат.
Познатата актерка докажа дека води сметка за сеbе и дека жена во седма деценија од животот може да изгледа феноменално.
А Холивуд треба да се засрами. Имено, Шерон откри дека вратите во филмската индустрија oдамна и се затворени заради годините, но и дека нејзиниот случај не е единствен. Голем број актерки кога ќе навлезе во посериозни години, остануваат без работа, и покрај тоа по имаат несомнено голем талент и успешна кариера зад себе.