Првите фотографии од најмладиот британски принц

Британскиот принц Луи (некои медиуми го пишуваат и како Луис), третиот син на принцот Вилијам и Кит Мидлтон, го прослави својот прв роденден.

Неговото раѓање пред година дена се очекуваше со голема радост, впрочем како што тоа денес се очекува приновата на принцот Хенри и Меган Маркл, а малиот принц Луи за оваа година порасна во голема мера пред очите на јавноста.

ADVERTISEMENT

Војводата и војвотката за да го одбележат неговиот роденден објавија три фотографии на социјалните мрежи.

Фотографиите ги направи лично Кејт во нивниот семеен дом во Норфолк, Источна Англија, соопштија од палатата Кенсингтон. На две од нив се гледа принцот во средина опкружена со шума, облечен во црвен џемпер, додека на третата носи син џемпер, со куче на предната страна.

 

Принцот Луи е петти по ред за наследник на престолот, зад својот дедо, принцот Чарлс, по кој следува принцот Вилијам, потоа братот на малиот принц, Џорџ, и неговата сестра, малата принцезата Шарлот.

Ова се неговите први официјални фотографии, уште од неговото крштевање.

 

Инаку, принцот Луи е правнук на британската кралица Елизабета II, која во неделата наполни 93 години, па со тоа ја понесе и титулата на најстариот и најдолгиот владетел на Британија досега.

Facebook Comments
(Visited 239 times, 1 visits today)