Како изгледаше Меланија Трамп за дочекот на Нова година?
Па, светкавиот фустан никого не остави рамнодушен! Таа празниците ги помина на Флорида заедно со нејзиното семејство, а на официјалните фотографии кои кружат на интернет таа блескаше во тесен розов фустан со везени цветни мотиви. Поради светкавиот материјал стајлингот на Меланија потсетуваше на ерата на 80-тите години од минатиот век, а целосниот стајлинг го зачини со опасни високи потпетици од Кристијан Лобутин во розова боја.
Првата дама на лицето имаше впечатлива шминка, со кармин во nude нијанса и очи третирани со „smokey“ техника, додека целото издание го заокружи со нејзината пуштена коса, благо свиткана на краевите.
Но не требаше да помине многу време за првата дама на Америка повторно да не изненади со нова модна комбинација. Овој пат во прашање се кожени панталони во бордо нијанса од Хелмут Ланг кои ги носеше во комбинација со беж капут од модната куќа „Bottega Veneta“, „Hermes Birkink“ чанта и елегантни високи потпетици во бордо боја со кои го „подигна“ нејзиното прекрасно „off-duty“ издание.
Па, која од овие две комбинации ви се допаѓа повеќе?