Празнична атмосфера во убавиот дом на познатиот македонски пар – ЌЕРКИЧКАТА Е ПРЕСРЕЌНА, еве што прави со мама!
Младиот и популарен брачен пар ја покажа празничната атмосфера во нивниот дом.
Популарната поп пејачка Сара Мејс и нејзиниот сопруг и водител Димитар решија да го украсат нивниот дом, но и заедно со нивната ќеркичка Илина да направат нови лампиони.
Нема сомнеж дека малата Илина се забавуваше, а мама Сара имаше полни раце работа да ги исчисти боичките и сите светки кои завршија на масата и подот.
На крајот сите лампиони ги закачија на елката каде веќе имаше и други шарени лампиони, меѓу кои и неколку персонализирани со нивните имиња.
Инаку Сара и Димитар важат за посветени родители кои секој слободен момент го поминуваат заедно со нивната ќерка.
Сепак и покрај тоа што Сара е мајка изгледа неодоливо, а тоа секојдневно го покажува и на социјалните мрежи.
Неодамна таа учествуваше на настан во новиот Ист Гејт мол каде заедно со уште неколку девојки облечени како бабамразици ја разубавија целата атмосфера.
Облечена во кратко здолниште во црвена и бела боја и топ изработен од различни новогодишни украси и бисери, под кој се чинеше дека не носи ништо друго освен зашиените украси изработени од шарени ткаенини.
Заедно со останатите девојки ти се потрудија да ја направат целата атмосфера волшебна и вредна за паметење.