Музичарите пресекоа, го кажаа својот став.
Револтот од страна на музичарите од ден во ден се повеќе расте, организаторот на протестот на музичарите даниел Сидовски од групата „Респекти“ се огласи на својот Фејсбук профил, еве што порача тој.
-Вака ние се собиравме на безброј хуманитарни концерти за помош на болни, кои не ги покриваше здравството. Но, од денес, јавно кажувам и ветувам, ниту еден естраден уметник нема да помогне на било кого, хуманитарно, после толку навреди и плукање по нас, за нашата ситуација! – пишува во објавата.
Но, спротивен став има нивниот колега Јордан Митев кој вели дека и во оваа ситуација на пандемија ќе се снајде за неговата егзистенција.
-Се изнакажаа многу нешта на темава… Ако нешто треба да ни биде како утеха, тоа е што оваа ситуација не е само кај нас, туку е иста за милиони луѓе ширум светот.
Многу фамилии, индустрии, паднаа на колена, многу ќе банкротираат, многу луѓе веќе се останати без работа. Тоа е една реалност која мора да ја прифатиме.
Не би сакал да влегувам во детали во поглед на мојата професија, бидејќи најчесто моите ставови им сметаат на одредени исфрустрирани ликови – вели Митев за Фокус
-Сметам дека додека ова заврши, треба да истраеме. Иако летово се обидоа со организирање на некои настани со познати балкански ѕвезди, сепак тие кои сме подобро информирани, знаеме дека тие нивни настапи поминаа на сила, со некоја симболична посетеност.
Што значи тоа? Тоа значи дека народот е исплашен и моментално нема расположение за не знам какви ли не журки и забави. Расположението на одредена мала група на луѓе не може да се земе како општо расположение – појаснува музичарот за Фокус.мк