По свадбата заминаа на меден месец – погледнете како ужива МАКЕДОНСКАТА убавица што го освои срцето на Игор Карачиќ
„Новопечените“ младенци на одмор на егзотична дестинација.
Поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ го украде убавата струмичанка, манекенката Душица Андоновска минатата недела направија свадба, а сега заминаа на меден месец на Малдиви.
Парот ужива на преубавите плажи со бел песок и тиркизна вода кои изгледаат како во рајот.
Душица е доста активна на социјалните мрежи, па откри како изгледа плажата на која парот ужива, а таа во бикини изгледа беспрекорно.
Душица објави и фотографии во костим за капење, а изгледа беспрекорно, па доби еден куп лајкови и коментари.
Љубовната приказна меѓу Душица и Игор започна пред скоро две години, но со сите сили се трудеа да ја скријат од јавноста и беа доста успешни во тоа.
Сепак пред извесен период во јавност беше објавено дека Игор ја запросил Душица, а парот објави фотографии од романтичното запросување.
Парот иако најавуваше голема свадба во Мостар, сепак се одлучи за скромна венчавка.
Свадбата секако се случи во Мостар, но во присуство на најблиските роднини и пријатели. Освен бракот, тие го прославија и роденденот на Душица.
За овој свечен настан Душица се одлучи на краток фустан кој ги истакнува нејзините совршено долги нозе.
Младоженецот го испочитува својот спортски дух, па костимот го искомбинира со патики.
Фотографии од свадбената церемонија сподели и ракометарот на Вардар, Германецот Кристијан Дисингер, кој е во врска со сестрата близначка на Душица, Марија Адоновска.
Фото: Инстаграм/ Душица Андоновска
Фото: Инстаграм/ Душица Андоновска
Фото: Инстаграм/ Душица Андоновска
Фото: Инстаграм/ Душица Андоновска
Фото: Инстаграм/ Душица Андоновска
Фото: Инстаграм/ Душица Андоновска
Фото: Инстаграм/ Душица Андоновска
Фото: Инстаграм/ Душица Андоновска
Фото: Инстаграм/ Душица Андоновска
Фото: Инстаграм/ Душица Андоновска
Фото: Инстаграм/ Душица Андоновска
Фото: Инстаграм/ Душица Андоновска
Фото: Инстаграм/ Душица Андоновска