По разводот со Адријана, Горан Алачки повторно вљубен – Марина е неговата сродна душа: Си ги разубавуваме животите веќе шеста година

Триото кое редеше успеси во периодот од 1987 до 1994 колку што постоеше, составено од: Ардијана Алачки, Горан Алачки и Ирена Спасовска, беше неизоставен дел од речиси сите фестивали и манифестации во тој период.

Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов. Ирена и Адријана беа специфични по имиџот, за секој настап беа облечени во впечатлива креација.

Дваесет и седум години како повеќе не настапуваат зааедно, а постарата генерација се уште ги памети по нивните хитови.

Пејачката и водителка на кулинарската емисија „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки и најпознатиот хармоникаш во земјава, Горан Алачки беа во брак 25 години. Како круна на нивната некогашна љубов се нивните деца Грациела и Благоја.

ФОТО: Грациела Димовска/Фејсбук
ФОТО: Грациела Димовска/Фејсбук

Поминаа 10 години од нивната разделба, а веќе секој од нив има свој живот и кариера, но со заеднички сили и понатаму се трудат да бидат голема поддршка на своите деца.

Но, неодамна Горан изненади кога за медиумите изјави дека Адријана неговото презиме го користи за медиумска популарност и изјави дека тоа воопшто не му се допаѓа.

„Презимето АЛАЧКИ не смее никој да го злоупотребува. Време е медиумите да не го употребуваат моето презиме конектирано со мојата бивша сопруга која го користи мојот бренд за медиумска популарност, моето презиме. Нејзиното презиме е Атанасовска. Инаку таа никогаш не била АЛАЧКИ туку АЛАЧКА во сите исправи и во пасош”…Ви благодарам!, кажа Горан.

Тој сега е во долгогодишна љубовна врска со Марина Дојчиновска, позната како водителка на ТВ Сонце, на емисијата Македониум, а денес исто така и успешна директорка на Хунза Веда Клуб, увозник на маслото Хунза за Македонија.

ФОТО: Горан Алачки/Фејсбук
ФОТО: Горан Алачки/Фејсбук

-Животот понекогаш знае пријатно да не изненади и да ни донесе нови личности во кои ќе пронајдеме нешто посебно и вистинско, по кое можеби и не сме биле свесни дека сме трагале целото време – изјави за „Фокус“ маестро Горан Алачки.

Тие двајца не ја кријат својата љубов и често на социјалните мрежи споделуваат заеднички фотографии, на кои може да се види дека еден со друг си се поддршка во се, а истовремено уживаат на разни патувања.

ФОТО: Горан Алачки/Фејсбук
ФОТО: Горан Алачки/Фејсбук

-Не се надевав дека ќе ми се случи љубов во животот, и таа ми дојде, не како изненадување, туку како една убава вистина. Се надополнуваме еден со друг, а понекогаш ги поврзуваме патувањата и работата. Така беше во Пакистан – Хунза, Швајцарија, Холандија, па така и сега, последното заедничко патување во Бразил. И двајцата сме зрели личности, во едно доба кога знаеме што точно сакаме од животот. Убаво ни е заедно и секому од срце поскауваме да си ја најде сродната душа – раскажа Алачки за „Фокус“.

ФОТО: Горан Алачки/Фејсбук

Марина веќе долго време не се занимава со јавна професија. Сега е претпиемачка, фокусирана на здравиот живот и исхрана.

Во интервју за „Слободен печат“ кажа дека се надева дека оваа 2021 година ќе биде подобра од минатата и дека ќе се вратиме во нормала.

ФОТО: Горан Алачки/Фејсбук

– 2020 беше година што ги измести сите критериуми за „нормален живот“. Човештвото беше и сè уште е ставено во искушение како никогаш досега, соочувајќи се со невидлива oпаснoст која демне над секого од нас подеднакво, без никакви правила, причина или повод. Во такви околност на колективно стравување за себе и за блиските, се менуваат и плановите и приоритетите, и системот на вреднување на нештата што го сочинуваат животот.

Здравјето стана приоритет број еден, и сега ни станува јасно дека многу работи ја губат својата важност, пред првиот услов без кој не се може – да бидеш здрав, за да можеш да се радуваш на секој нов ден заедно со своите блиски. Затворањето дома, дистанцирањето и карантините ја оневозможуваат природната потреба да се видиш со пријателите онака како што си навикнал, ја сведува социјалната интеракција на основен минимум, но ако има добро во лошото – навистина мислам дека „воспитно-поправната“ мерка, дојдена одозгора, е лекција која треба да нѐ научи или да нѐ потсети колку сме кршливи и беспомошни како луѓе и како секој од нас посебно, кога станува збор за планетарна катастрoфа и важи за сите подеднакво.

Сакам да верувам дека почнува крајот на овој хаос… 2021 со почетокот го покажува тоа изразено во процентите кои сите, секој ден ги следиме. Посакувам тој тренд да се забрза и веќе со пролетта да почнеме да се враќаме во „новата нормалност“ со научена лекција, кажа Марина за „Слободен печат“.

ФОТО: Горан Алачки/Фејсбук

За љубовта со Горан вели дека станува збор за една зрела врска меѓу двајца луѓе кои точно знаат што сакаат.
– Со Горан си ги разубавуваме животите еден со друг веќе шеста година. Се сретнавме двајца страсни светски патувачи, меѓу две патувања во Скопје. Потоа продолживме патувањата да ги планираме заедно и да ги споделуваме убавините на живеењето што ги носат зрелите години.

Едно големо НЗС е нашата година на раѓање – генерација 1965, тоа носи генерациски сличности во резоните и погледот кон светот. Добро е кога на наши години ќе се сретнат двајца луѓе кои точно знаат што сакаат, реализирани во сите важни животни сфери, со расчистени сметки и платени фактури кон минатото. Тоа е предуслов за квалитетно функционирање на една врска. Короната ги одложи сите наши планирани патувања за лани, но затоа јас и Горан се посветивме на нашите градби – јас во Гари, а тој во неговото Владимиров. Последниве месеци главна тема ни се мајстори, плочки, цигли и бетони, но задоволството дека своерачно градиш на своето – татковото место е непроценливо чувство на задоволство и уште една наше НЗС и поклопување на проекциите, вели Марина и додава:

ФОТО: Горан Алачки/Фејсбук

– Со 55, или таканаречените најубави години од зрелоста, веќе може да се зборува за некаква лична мудрост. Некои работи добиваат на важност, други потполно ја губат. Селекцијата на луѓето околу вас е неминовна зашто учите својата сила да ја чувате за оние кои најмногу ви значат. Со 55, би требало веќе да научите да кажете секому тоа што треба, во вистинскиот момент, зашто ништо што останало нејасно не треба да ви го оптоварува малиот мозок, затоа инсистирате на јасност и гласност. Го говорам тоа што го мислам, а го правам тоа што го говорам! – ова стана моето животно мото, а тоа го барам и од другите околу мене, раскажа Марина за „Слободен печат“.

ФОТО: Горан Алачки/Фејсбук
ФОТО: Горан Алачки/Фејсбук
ФОТО: Горан Алачки/Фејсбук
(Visited 7.952 times, 1 visits today)