По Жената на султанот, се појави и наш македонски султан и ги сруши СОЦИЈАЛНТЕ мрежи – целиот Балкан зборува за него!

По големиот хит „Жената на султанот“, на музичката сцена конечно се појави и главниот јунак од оваа песна.

Имено, младиот пејач од Прилеп, Ален Хасановиќ, го објави својот нов спот Лејла, а прашна на социјалните мрежи подигна уште кога ги објави првите фотографии од снимањето на спотот. Од нив можевме да видиме дека талентираниот Македонец потполно го примени имиџот и изгледа како турскиот владетел опкружен со убавици.
Наскоро нова песна „Лејла“, напиша тогаш Ален со оваа фотографија на која речиси никој не го препозна.

По неколку дена го објави и спотот кој веќе има неколку стотици илјади прегледи на Јутјуб.

За потребите на снимањето пејачот кој се прослави со учеството во „Гранд ѕвезди“ ангажирал неколку стомачни танчерки кои ја покажаа својата умешност.

Фановите веднаш забележаа дека Ален изгледа како султан со што и тој се сложи на социјалните мрежи.

Интересно е и тоа што Ален сам ги направи музиката, текстот и аранжманот за песната, како и аранжманот. Во спотот пејачот е опкружен со убавици кои играат стомачен танц, па спотот веднаш им се допадна на фановите.

Да потсетиме, песната „Лејла“ е првата од петте песни што Ален наскоро ќе ги престави, а на кои работи со својот роден брат во продукцијата „АХ Медија“. Прилепчанецот со својот неверојатен талент за пеење успеа да го воодушеви целиот регион кога се појави во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а потоа потпиша и договор со оваа продукциска куќа.

Тој тогаш потпиша договор со кој продукцијата „Гранд“ во целост ќе се грижи за неговата кариера и имиџ,

Неговата најпопуларна песна се „Те барам“ која има речиси 1.5 милиони прегледи, додека изведбата на „Кој сум ти јас на тебе“ со Белма Карсиќ преку шест милиони.

Новата песна од Ален „Лејла“ за само неколку дена е прегледана повеќе од 200.000 пати.










