Почина мајката на шесте деца која како лавица се бореше за својата тешко болна ќерка

Валентин Смољановиќ ја изгуби битката со тешката болест и почина на 43 годишна возраст.

Валентина беше позната како мајка на 15-годишната Мариета Бугарин, единствената личност во Хрватска, кој страда од многу реткиот синдром на Пери-Ромберг.

ADVERTISEMENT

“Утре (се надевам) конечно ќе биде визитата и ќе дознаеме што се искомплицира, каде, зошто и како да се продолжи. Јас немам време, немам храброст, немам доволно лудост да се откажам од борбата за децата, за живот, за достоинство”, беше последното нешто што Валентина го објави на нејзиниот профил на Фејсбк и тоа четири дена пред да ја изгуби битката со болеста.

Валентина со нејзината болна ќерка

Покрај Мариета, Валентина имаше уште пет деца, сите ученички. Во Хрватска хуманите граѓани и активисти собираат пари за помош за семејството.

„Нашата драга и зборлеста Валентина Смољановиќ повеќе не е меѓу нас, освен се разбира во нашите срца. И помагавме како група нејзе и на нејзините деца многу пати кога ќе ја погодеше грдата болест. Никогаш нема да заборавиме дека токму таа во својата немаштија не повика да собереме за она болна баба со која што ја делеше болничка соба. Така и прв пат се поврзавме и спријателивме. Неописливо ни е жал што не е тука, со нас повеќе. Ве молиме сите, сега повеќе од било кога, нејзините деца, сите се ученици и ним им е потребна нашата помош“, објави пријателката на Валентина, Дина Перковиќ, со број на жиро-сметка за донација на пари за помош.

Малата Мариета

Синдромот на Пери-Ромберг е автоимуна болест која предизвикува споро и прогресивно пропаѓање на мекото ткиво измеѓу мускулите, коските и кожата на зафатените страни кај лицата што боледуваат од оваа болест. Во поодмината фаза може да ги зафати коските и мозокот, да предизвика пречки со видот, слухот или епилептични напади кои можат да бидат со кобни последици. Маријета во 2015 година во САД беше на операција. Семејството тогаш истакна дека со тоа добиле неколку години надеж дека девојчето што поскоро ќе биде спремно за нови операции.

Facebook Comments
(Visited 6.216 times, 1 visits today)