Почесната амбасадорка на Канада до сите Македонци: „Ве молам да не ми продавате македонштина без везе, гласајте за ова девојче со светски глас“

Анета Антова Пешева една од најубавите и најуспешни жени во Македонија, почесен конзул на Канада на социјалните мрежи објави порака до сите Македонци во која ги повика да гласаат за младата и талентирана Барбара Поповиќ, девојчето кое воодушеви со својата изведба на македонскиот евергрин „Зајди зајди“ на музичко шоу во соседна Србија.
„Ве молам да не ми продавате Македонштина без везе, еве каде можеме да бидеме први и единствени. Barbara Popovic е девојчето кое е женско издание на Тоше. Таа е младо девојче со инзвонреден глас.
ГЛАСАЈТЕ ЗА BARBARA POPOVIC на YouTube, Instagram I Spotify,, само еден like👍🏼треба или да направите share.
Фото: Фејсбук
АЈ ДА ВИДИМЕ ДАЛИ СИ ГИ ПОЧИТУВАМЕ ЖИВИТЕ ТАЛЕНТИТЕ. СЛУШНЕТЕ ЈА КАКО ЈА ПЕЕ ЗАЈДИ, ЗАЈДИ.
П.с. Е не само дека е наше, убаво, а и неверојатни гласовни способности има. Светски глас, а многу е млада. Да не ни побегне и Барбара во туѓина“, порача Пешева.
Нејзините долгогодишни успеси во економијата, ИКТ-секторот, филантропските акции, општествено корисните залагања за надминувањето на половиот јаз, како и грижата за социјално и здраствено маргинизраните групи, беа препознаени од меѓународната дипломатска заедница на Канада и реализирани во понуда на титулата почесен конзул на Канада.
Оваа улога, доделена на жена, претставник на бизнис-заедницата, е во линија на глобалните каузи за еднаквост, инклузивност и еднаквост и почитување на човековите права“, беше соопштено откако Анета ја доби почесната тутула.
Анета Антова Пешева, основач на групацијата Ултра-Унет ДОО Скопје се закити и со титулата најпочитувана жена за своите достигнувања од областа на ИТ бизнис технологии. Привилегијата на оваа титула е од национално и општествено значење, земајќи предвид дека Пешева е лидер на македонска компанија која успешно работи веќе 27 години.
Покрај бизнис достигнувањата, Пешева е истакнат активист во полето на женското лидерство, иницијатор на бројни проекти од општествено-социјален карактер и чинител на филантопски кампањи наменти за ранливи и социјално загрозени деца.